Името на новиот модел на Шкода е врв

Шкода го соопшти името на идниот знаменосец на понудата од електрични модели. СУВ-седумседот првпат ќе се појави пред светот налето, како сериски модел што е произлесен од студијата Вижн 7С.

Шкода го соопшти името на идниот знаменосец на понудата од електрични модели. СУВ-седумседот првпат ќе се појави пред светот налето, како сериски модел што е произлесен од студијата Вижн 7С.

Изборот на моделското име Пик е отстапување од досегашниот начин на именување. Името не почнува со Е, како што е пример со Елрок и Енијак, како и со идниот Епик, но затоа останува Ку на крајот.

Името Пик се изговара како англискиот збор пик, што значи врв, со симболиката дека се работи за модел што се наоѓа на врвот од понудата од модели на Шкода.

Изгледот на новиот модел се темели врз студијата Вижн 7С, што Шкода ја прикажа во 2022 година и со неа го означи почетокот на новото дизајнерско поглавје што се води како „модерно солидно“.

Новиот стил со остри линии и чисти површини оддава цврстина и функционалност. Серискиот модел ќе го донесе стилот на студијата поблиску до реалноста и најавува нови мерила во поглед на просторноста и практичноста.

Кабината е уредена за седум патници. Пик со тоа им се обраќа на семејствата, но и на корисници што сакаат да избираат меѓу возило за патување, за работа и за слободно време. Тоа што вообичаено се очекува од Шкода се нови практични детали во внатрешноста и свежи идеи во поглед на ракувањето. Секако дека голема тема ќе бидат и обновливите материјали.

Шкода Вижн 7С

Чесите не соопштија поединости околу техниката. Шкода Пик е конструирана врз модуларната платформа за електрични возила МЕВ на концернот Фолксваген. Досегот се очекува да се движи до 600 километри, а за полнењето се шпекулира со вредности од 200 киловати. Тоа ќе го постави Пик блиску до вишата класа на електрични СУВ-модели.

Светската премиера и целосното откривање ќе се случат налето, а испораките ќе следат кон завршетокот на 2026 година. Моделот ќе биде позициониран над класичниот Кодиак и ќе ја забрза електрификацијата на марката.

Шкода цели повисоко

Новиот знаменосец е дел од стратегијата „Некст Левел Шкода Стратеџи“, којашто има за цел Шкода до завршетокот на деценијава да се најде меѓу 3-те најголеми производители во Европа. Шкода ќе нуди и електрични, и хибридни, и класични модели.

Претходна објаваДилери на Хонда во САД негодуваат за соработката со Сони во електричната марка Афила
Следна објаваМерцедес-Бенц лани продаде 2,2 милиони возила, рекорд за Г-Класа и раст кај АМГ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here