Opel Cascada ќе се продава во Америка како Buick

Кабриолетот на Opelнаскоро ќе стартува со продажба на пазарот во САД под марката Buick. Освен кабриолетот, на американскиот пазар се продаваат и Insignia и Mokka под марката Buick.

Од следната година купувачите во САД ќе го добијат кабриолетот со четири седишта на Opelпод американската марка Buick. За вклопување во моделската гама на Buick ќе бидат извршени незначителни промени, коишто ќе се сведат само на замена на маската и на логоата на автомобилот. Под хаубата е мошне веројатно да се најде 1,6-литарскиот бензинец со турбонаполнење, којшто се вгадува и во другите модели на General Motors за американскиот пазар. Верзиите со дизел мотор и натаму им се неинтересни на Американците. Производството на Buick ќе се одвива паралелно со Opel Cascada во фабриката на Opel во полскиот Гљивице. На пазарот во САД се присутни повеќе модели на Opel под марката Buick. Моделот Regal е идентичен со Opel Insignia, а истото важи и за моделот Encore, којшто е американска верзија на Opel Mokka.

Претходна објаваJaguar XE ќе ја престигнува конкуренцијата и со мобилните телефони
Следна објаваТјунерот Irmscher ќе изработи само 100 примероци од оваа Opel Astra

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here