Трендот на ограничените моделски серии ги зафаќа и тјунерските работилници. Специјалистот за Opel ќе изработи само 100 парчиња од Astra GTC Turbo i1400 со 170 КС.
Познатиот тјунер специјализиран за Opel понуди ексклузивна серија од сто примероци од серијата со ознака Astra GTC Turbo i1400, којашто опфаќа зголемнување на моќноста на 1,4-литарскиот бензинец од 1,4 литар од 140 на 170 КС, заедн издувен лонец со четири издувни цевки, подвозје спуштено за три сантиметри и алуминиумски бандажи од 20 инчи со гуми 235/30.
Тјунираното купе од Irmscher се препознава по маската и по додатокот во предниот спојлер, проширените прагови, задниот спојлер, дифузорот во задниот браник и по впечатливите ленти по страниците на каросеријата и на хаубата. Секако, логото i 1400 не смее да недостига на опашот на оваа ексклузивна Astra GTC. Спортските седишта се обложени со кожа со штепови во контрастна боја, специјални патосници и пинови во вратите и педали од алуминиум.