
Меѓу можните партнери се Форд и концернот Стелантис, но не и Џенерал Моторс, кажуваат за Аутомотив Њуз две лица што се упатени во случувањата.
Компактниот кросовер што Нисан им го нуди на партнерите би располагал со хибридниот систем е-Пауер, што користи електромотор за погон на тркалата и бензински мотор, којшто служи како генератор и ја полни батеријата.
Нисан има намера да го произведува тој модел на иста лента со Рог, во својата фабрика во Смирна, во Тенеси.
Со можните партнери се разговара и околу можноста за соработка во развој на електрични возила, кажува еден од изворите на Аутомотив Њуз.
„Не се работи за квид про кво,“ кажува изворот, додавајќи дека зделката може да се случи и без договарање партнерство за електрични автомобили.
Брајан Брокмен, претставник на Нисан, кажа дека производителот ги „разгледува можностите“ за зголемување на локалното производство на возила и погонски единици, во време кога расте побарувачката за хибридниот погон во САД.
Рог лани учествуваше со близу 30 проценти во продажбата на Нисан во САД.
Кон завршетокот на 2026 година треба да стартува нова генерација на Рог во САД, којашто ќе поседува хибриден погон е-Пауер од третата генерација.
Нисан соопшти дека најновиот систем постигнува за 15 проценти пониска потрошувачка на автопат во споредба со втората генерација, а во исто време е потивок и со почист издув.

Амбициозни планови за раст
Нисан има амбициозни планови да го зголеми производството на модели со погон е-Пауер.
Според документот испратен до добавувачите, во којшто имаше увид и Аутомотив Њуз, Нисан планира во фискалната година 2028 да произведе 138.899 компактни кросовери со погон е-Пауер. Во следните четири години, годишната продукција треба да се искачи до 161.633 возила.
Доколку не се договори партнерство, Нисан очекува годишното производство да достигне најмногу 112.561 возила со погон е-Пауер во фискалната 2032 година.
Освен во следната генерација на Рог и на Инфинити Ку Икс 50, Нисан планира да го воведе е-Пауер и во малечкиот кросовер Кикс, што исто така се продава во САД.
Иако беше пионер во ЕВ, со Лиф во 2010 година, Нисан денес е најголем производител во САД што нема благи и приклучни хибриди во својата понуда во земјата.
Видеото од тестот на Киа Спортаж со погон на сите тркала и 180 КС
Дополнителното производство ќе ја зголеми и рентабилноста на фабриката во Тенеси, којашто работи со 51% од својот годишен капацитет за производство на 640.000 возила годишно.
Користа за партнерите е тоа што ќе добијат нов модел со хибриден погон, побрзо и поевтино, отколку сами да го развиваат.
Форд откажа или одложи неколку ЕВ, поради слабата побарувачка, така што ќе има корист да вклучи повеќе модели со хибриден погон во времето на транзицијата. Производителот од САД прерано ги исклучи своите модели Ескејп и Корсер, и останаа само Бронко Спорт и Маверик да ја пополнат празнината.
Стелантис постигна успех со моделите на Џип со приклучен погон 4хе, но Доџ и Крајслер се слаби во тој дел од понудата, откако ги откажаа плановите за целосно да преминат на ЕВ.















