Министерството за транспорт во соопштението што го објави денес јавува дека државата обезбедила средства за изработка на национална стратегија за поставување полначи за електрични автомобили. Средствата се грант од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и повеќе претставуваат база од којашто ќе почне да се работи на сериозен и долготраен пристап за развој на електромобилноста во Македонија.
Грантот во висина од 350.000 евра од ЕБОР е наменет за изработка на „Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура“, стои во соопштението од Министерството. Можеби износот се чини симболичен, во време кога држави ширум светот издвојуваат милијарди за да се вклучат во производството на батерии и електрични возила, во поставување мрежа од полначи, и најважното, во обезбедување енергија од обновливи извори, меѓутоа се работи буквално за зачеток, од којшто веројатно ќе се развие сферата што денес е неодделива од политиката на една држава.
Како што понатаму стои во соопштението од Министерството со коешто раководи вицепремиер и министерот Александар Николовски, се работи за национален план што е „прв од овој вид во Македонија“ и што ќе овозможи „стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.“
Министерството за транспорт очекува дека почетната фаза на избор на консултант ќе биде завршена уште во тековниот месец и најдоцна до август.
Избраниот технички тим ќе работи на подготовката на Стратегија за електрични возила во следните фази:
Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата.
Последен пат на слична стратегија се работеше на највисоко научно ниво во Македонската Академија на Науките и Уметностите во заврештокот на минатата деценија, чијшто дел беше и воведувањето на еколошката компонента при увозот на автомобили во државата.
Прашањето на коешто допрво ќе треба да се посветат идните консултанти е нерегулираниот увоз на користени автомобили, што се провлекува во изминатите деценија и пол, и во којшто се дозволи масовно донесување користени автомобили со висока емисија на штетни материи, што се купуваат евтино во земјите со развиена свест кон животната средина и со квалитетот на живот како стратешка тема.
Покрај масовен увоз на евтини користени автомобили со висока емисија на штетни материи, од земјите во коишто тие возила ни се евтини да ги донесеме во Македонија, но регистрацијата на тие загадувачи на животната средина не се демотивира со високи давачки заради нивната штетност, со високата емисија на ПМ и азотни оксиди, како што тоа е случај со пазарите од коишто потекнуваат тие возила, како Германија, Холандија или Франција, каква е смислата на национална стратегија за електрични автомобили и мрежа од полначи?
Неколку објави на Аутомедиа на тема електрични автомобили во Македонија
3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Големата тура
















