Сегментот на најмалечките автомобили, којшто го преводи Фиат Панда, во периодот од јануари до мај забележи 204.384 продажби, што е пад од 24 проценти, покажуваат податоците од аналитичарската куќа Датафорс.
Надолниот тренд годинава е само продолжение на долготрајното опаѓање на продажбата во сегментот. Во минатата година, продажбата во Европа достигна само половина од пазарот што мини автомобилите го имаа во 2014 година, кога се продадоа 1,1 милион возила од оваа категорија.
Европските производители на автомобили ја наоѓаат вината во законите што направија овој сегмент да стане недостапен.
„Тоа го погодува јадрото на тоа што некогаш го правеше автомобилска индустрија – производство на малечки авотмобили и овозможување мобилноста да стане достапна за широка народна маса,“ кажа претседателот на Стелантис, Џон Елкан, на конгресот на Аутомотив Њуз Евроап што се одржа на 12-ти јуни.
Елкан наведе дека бројот на модели што во Европа се продаваат по цена под 15.000 евра годинава спадна на само еден модел, наспроти 49 модели во 2019 година.
Меѓу главните причини за падот во продажбата во сегментот е тоа што запре продажбата на бензинскиот Фиат 500. Во ноември, местото на моделот од претходната генерација од 2012 година ќе го пополни хибридната изведба на 500 од новата генерација, којашто беше замислено да се произведува само во целосно електрична изведба.
Уште еден модел чиешто отсуство силно го погоди овој семент е Сузуки Игнис. Јапонскиот производители од годинава повеќе не го нуди Игнис на европскиот пазар. Сузуки има долга традиција и силно присуство во овој сегмент, со три свои модели што се продаваа во Европа од 2015 година наваму.
Меѓу останатите марки што го напуштија сегментот се Пежо, Ситроен, Фолксваген, Сеат, Шкода, Форд, Смарт и Рено.
Фолксваген и Рено планираат да се вратат со целосно електричен ИД.1 и со ново Твинго. Производителите сепак напоменуваат дека добивката во овој сегмент е на исклучително ниско ниво.

„Со сите нови закони, станува исклучително тешко да се постигне профитабилност со малечок автомобил,“ изјави во мај шефот на Рено во заминување, Лука де Мео.
Стелантис и Рено вршат притисок за Европската Унија да оформи посебна категорија М0. Тоа ќе биде класа под денешните модели од категоријата М1, но пак над категориите на четирицикли Л6 и Л7. На тој начин ќе се овозможат подостапни возила, со поблаги стандарди што ќе важат само за нив.
Автомобилите од оваа категорија ќе имаат иста практичност како обичните, но за нив ќе важат ограничувања на големината и тежината. Слична категорија возила постои веќе со децении во Јапонија и тоа се најпродаваните возила на тамошниот пазар.
Европската Комисија во февруари почна да работи на студија за можностите за воведување на категоријата М0, предводена од консултантската куќа Ернст енд Јанг.
Резултатите треба да пристигнат наскоро. „Создавање нова категорија возила умее да биде мошне комплексна и долготрајна,“ порака Лусиен Матје, директор за автомобили во групацијата за одрлжлив транспорт Т и Е, со седиште во Брисел.
Построгите стандарди за штетни материи и претстојната ГСР2 (Регулатива за општа безбедност 2), којашто условува вградува активни безбедносни технологии во возилата, како што се систем за следење на вниманието на возачот, ги принудуваат производителите да се откажат од мини автомобилите.

Мицубиши, на пример, од годинава повеќе не го нуди својот Спејс Стар, откако реши да не го приспособува моделот според регулативата ГСР2.
Иако тој спаѓа во категоријата малечки автомобили, Спејс Стар со цената припаѓаше во категоријата мини автомобили, со последна цена од 11.900 евра во Германија. Тоа беше најпродаваниот модел на Мицубиши. „Повеќе не е можно да се понуди модел со мотор со внатрешно согорување што ги поседува сите тие системи и тој автомобил да има достапна цена,“ изјави извршниот директор на Мицубиши Моторс Европа, Франк Крол.
Од новите модели што пристигаат во сегментот, речиси сите се батериски електрични возила. Таков пример е Хјундаи Инстер, којшто до мај достигна близу 11.000 примероци во Европа. Продажбата на Дачиа Спринг, 5-от најпродаван модел во сегментот, во истиот период достигна 15.725 примероци.

Уште еден новодојденец со електричен погон е моделот Т03 од кинеската марка Липмотор, којашто е под закрила на концернот Стелантис.
На пат се уште бројни електрични модели.
ИД.1 се очекува да се појави во салоните во 2027, со цена од околу 20.000 евра. Фолксваген ги предупреди инвеститорите дека „ќе биде тешко“ да се постигне добивка со таа цена.
Германските медиуми во февруари објавија дека Шкода одбила да работи на верзија на ИД.1, како наследник на електричниот Ситиго, што повеќе не се произведува. Како причина се наведува незначителната добивка.

Рено во 2026 година ќе почне со продажба на електричното Твинго, со планирана цена под 20.000 евра. Рено напомена дека трошоците за развој ги намалил за 40 проценти во споредба со поголeмиот Рено 5. Новиот модел ќе ја користи платформата АмпР Смол, којашто ќе биде смалена за Твинго. Французите наведуваат дека Твинго ќе содржи само 750 делови и ќе користи поевтини батерии со хемија литиум-железо-фосфат. Нисан и Дачиа исто така ќе нудат свои верзии од Твинго.
Хонда покажува заинтересираност за секторот и планира во јули да го прикаже својот иден модел.

Тојота се реши за друг пристап и го префрли својот Ајго Крос на целосно хибриден погон. Тоа е вториот најпродаван мини во Европа до мај. Според марката, Ајго Крос Хибрид со емисијата од 86 грами ЦО2 на километар ќе биде најчист модел во категоријата, без приклучен хибриден погон.
Италија и натаму е најголем пазар за возилата од овој сегмент, со учество од 42 проценти во европската продажба на мини автомобили. Панда во моментов се продава само во Италија, каде што сочинува речиси две третини од вкупната продажба на мини автомобили во земјата, како и повеќе од една четвртина од европската продажба сегментот во првите пет месеци.
















