
Шефот на Волво, Хакан Самуелсон, повеќе не остава простор за сомневање дека новиот модел што треба да почне да се произведува во фабриката во САД е СУВ-моделот од средната класа и воедно најпродаван модел на марката, Икс Ц 60.
Во фабриката во Чарлстон, Јужна Каролина, во моментов се произведува електричниот Е Икс 90, што неодамна ја имаше и својата премиера на македонскиот пазар, како и електричниот Полстар 3. Самуелсон претходно најави дека има намера допилнително да пушти во производство повеќе модели со хибриден погон, со цел да се искористи полниот капацитет на фабриката. Во САД расте побарувачката за хибриди, како алтернатива на целосно електричниот погон.
Самуелсон го соопшти тоа на конгресот за иднината на автомобилите, што се одржа во организација на Фајненшел Тајмс, наведувајќи единствено дека станува збор за модел од средната класа.
„Намерата ни е брзо да почнеме со производство на модел што постигнува добри бројки во продажбата и верувам дека тоа ќе биде нешто од средната класа“, навести директорот.
Самуелсон претходно ја исклучи можноста дека ќе се произведува комби или лимузински модел.
Волво лани престана со производство на лимузината С 60, модел од средната класа што е конструиран врз платформата СПА, но фабриката уште располага со алатките што се неопходни за да се произведува модел врз истата платформа, што ја користат уште Икс Ц 60 и престижниот СУВ-модел Икс Ц 90.
Икс Ц 60 во моментов се произведува во фабриката на Волво во Торсланда, Шведска, од каде што се испорачува за пазарите ширум светот. Тој е најпродаваниот модел на шведската марка во 2024 година, со 230.900 примероци.
[the_ad id=”85764″]
Волво неодамна најави дека ќе стартува со освежено моделско годиште на Икс Ц 60, коешто ќе поседува нова маска и нов инфо-забавен систем, како унапредување на моделот што е лансиран во 2017 година.
Европските производители на автомобили го засилуваат производството во своите фабрики во САД, како одговор на високите царини што администрацијата на Доналд Трамп ги водеде за увоз на автомобили.
Мерцедес-Бенц соопшти дека во фабриката во Венс, Алабама, ќе почне да го произведува својот СУВ-модел од средната класа, ГЛЦ, којшто е конкурент на Икс Ц 60. БМВ веќе го произведува својот СУВ-модел од средната класа Икс 3 во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина.















