Германскиот производител ја потврди објавата на Аутомотив Њуз, коишто први погодија дека одлично продаваниот ГЛЦ ќе се пресели во фабриката во Венс, Алабама.
Продукцијата на ГЛЦ првенствено ќе биде наменета за северноамериканските пазари.
Извршниот директор на Мерцедес-Бенц, Ола Калениус, кажа дека САД се „местото каде што сакаме да растеме во иднина“, имајќи ја предвид големината на пазарот во Северна Америка.
„Сакаме да имаме можност да растеме на главните пазари во светот… да бидеме блиску до купувачите и … брзо да реагираме на пазарите,“ кажа Калениус на тркалезната маса за медиуми на 12-ти мај.
Директорите на Мерцедес не наведуваат подробности околу големината на инвестицијата во фабриката, што се наоѓа источно од Таскалуза. Калениус единствено наведе дека тоа ќе биде „значителна инвестиција“.
Извршниот директор на Мерцедес-Бенц за Северна Америка, Џејсон Хоф, кажа дека во фабриката во Алабама ќе продолжи производството на ГЛЕ и ГЛС, како и на нивните електрични изведби. Нема потреба од физичко проширување на фабриката.
ГЛЦ го „зголемува отпечатокот на Такалуза како фабрика за СУВ,“ вели Хоф.
Хоф не откри дали Мерцедес ќе ја произведува во САД и најавената електрична изведба на ГЛЦ.
Инвестирањето на компанијата во Алабама се одвива паралелно со проширувањето на фабриката за монтажа во Чарлстон, Јужна Каролина. Калениус го најави тоа како „значајна инвестиција во цела нова генерација лесни товарни ванови.“
Мерцедес-Бенц во САД продава од ГЛЦ исто толку примероци, колку трите конкурентски увозни модели што следат по него, заедно. Мерцедес лани продаде 64.163 примероци од ГЛЦ, што е близу 20 проценти од вкупната продажба на марката во САД, не вклучувајќи ги доставните возила.
СУВ-моделите од средната класа се важен сегмент на пазарот во САД.
Продажбата на СУВ-модели од средната класа, од премиум марки, лани пораснала за 14 проценти, на вкупно 425.294 возила. Тоа е речиси трипати повеќе во споредба со продажбата во сегментот пред десет години. Продажбата на ГЛЦ лани порасна 58 проценти, донесувајќи му го 3-то место во сегментот.
Мерцедес-Бенц не откри колку возила планира да произведува во фабриката во Алабама.
Консултантската куќа АутоФоркаст Солушнс предвидува дека Мерцедес во првата полна година во производство во фабриката во Алабама ќе постигне продукција од преку 50.000 примероци од ГЛЦ.
Во комплексот во Венс, на површина од преку 9 хектари, Мерцедес ги произведува моделите ГЛС и ГЛЕ, заедно со нивните електрични пандани Е-Ку-С СУВ и Е-Ку-Е СУВ.
За ГЛЦ да се произведува во фабриката треба да се вложат неколку стотини милиони долари за машините. Фабриката што е отворена пред близу 30 години, работи профитабилно со искористеност на капацитетот од 305.000 возила годишно од 87 проценти.
















