Шкода ја зголеми продажбата за повеќе од 8 проценти

Со постигнатиот раст, Шкода беше 4-та најпродавана марка во Европа во првите три месеци годинава. Најголем раст е постигнат во Велика Британија (+23%), но и во Индија, каде што чешката марка го води бизнисот за сите марки на концернот.

Во Индија продажбата порасна за повеќе од двојно, на 15.000 возила. На тамошниот пазар се продаваат модели што посебно се развиени за поширокиот регион и воедно се произведуваат таму, со голем удел на компоненти од локално производство.

Прометот на компанијата во првите три месеци порасна за 10,4 проценти, на 7,259 милијарди евра. Добивката исто така напредуваше на 546 милиони евра, што е за 2,1 повеќе од првиот квартал лани. Чистата маржа е 7,5 проценти.

Голема е побарувачката за електричните модели и приклучните хибриди, коишто напредуваа за 114 проценти и достигнаа 36.900 продажби. Тоа е рекоден удел од 15 проценти во вкупната продажба на Шкода.

За натамошниот тек на годината, голем успех најавува електричниот Елрок, во моментов најдостапен модел на струја на Шкода, за којшто до март се пристигнати над 45.000 нарачки, што е далеку над очекувањата.

Видеото од тестот на Шкода Кодиак

Претходна објаваМерцедес потврди дека ќе го произведува ГЛЦ во САД
Следна објаваНовиот хибриден Фиат 500 се очекува кон завршетокот на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here