Мерцедес-АМГ ги ниже специјалните серии во серија: ГЛЕ и ГЛС во арктички сребрено издание

На клиентите на Мерцедес-АМГ им е сосем јасно дека го добиваат врвот, но некогаш и тој врв треба да се надвиши. Тоа е новата стратегија на Штутгарт, постојано да се пуштаат специјални серии во ограничен број примероци. ГЛЕ и ГЛС под значката на АМГ се достапни во специјална серија Мануфактур Арктик Силвер што ќе биде изработена во само 450 примероци, цената е 30.000 евра над стандардните модели.

СУВ-моделите на Мерцедес-АМГ имаат посебна привлечност, веројатно поради универалноста и спојот меѓу врвни спортски перформанси и премиум изработка на Мерцедес. Понудата од погонски изведби покрива широк опсег, од трилитарски 6-цилиндарци во изведба како благ хибрид или приклучен хибрид, до прочуениот четирилитарски Ве-8 битурбо на АМГ. Целосно приспособливиот погон на сите тркала АМГ Перформанс 4Матик+ е стандард во целата гама на моделот.

Мануфактур Арктик Силвер прави сé да биде уште поексклузивно. Главната новина е во бојата Мануфактур Хајтек-Зилбер Магно, мат боја што е ексклузивна за АМГ и тоа е прв пример на боја што е достапна само за спортската марка на Мерцедес-Бенц Карс. Контраст прават детали во црна и црвена боја.

Играта со боите се забележува посебно во тркалата, коишто се со големина од 22 инчи (23 кај ГЛС), лакирани се мат црно, а обрачите им се црвени. Средишниот оклопец е со лого АМГ, што е придружено со ловоров венец. Секако дека во оваа средина и сопирачките клешти мора да бидат црвени.

Опременоста опфаќа пакет АМГ Најт, со украсни делови во сјајна црна боја, вклучувајќи ги куќиштата на ретровизорите, лајсните во праговите и рамките на прозорците. Завршетоците на издувните цевки се хромирани со темен финиш, кровните шини се мат црни, задните стакла се затемнети.

Внатрешноста со бројни ставки од одделението за специјални нарачки Мануфактур

Црната и црвената боја внесуваат контрасти и во внатрешноста. Седиштата се во ексклузивна напа кожа во црвено-црна комбинација, плочките на праговите се осветлени и исто така се дело на Мануфактур, а пред совозачкото седиште се наоѓа хромирана плочка за специјалната серија на моделот.

[the_ad id=”85764″]

Воланот е АМГ Перформанс со напа кожа во црвена боја, а врв се карбонските панели во коишто се наѕираат црвени влакна. Дури и патосниците се посебни и се многу подебели од обично.

Мерцедес-АМГ веќе почна да прима нарачки за сите погонски варијанти на Мерцедес-АМГ ГЛЕ и ГЛС. Првите примероци ќе се појават во салон веќе во јули. Серијата ќе се изработи во само 450 примероци.

Претходна објаваВолво пред одлука да го произведува Икс Ц 60 во САД
Следна објаваМерцедес, БМВ и ФВ поставуваат брзи полначи од 600 киловати ширум Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here