Мини е добар пример за тоа дека при обновувањето на целата понуда од модели може да се случи некои модели да бидат заборавени. Британската марка на групацијата БМВ, пет години (од 2018 до 2023) немаше вистински новитет. Доколку тоа ѝ се случеше на друга марка, последиците ќе беа големи. Но, тоа не важи за Мини. Клиентите ѝ се верни на марката, побарувачката остана иста.
Можно е дека забавувањето со пуштањето на новите модели во производство беше предизвикано од зделката со Кина и со планираното префрлување на производството на некои модели таму. БМВ во заедничка компанија со Грејт Вол Мотор (ГВМ) го произведува електричниот Мини Купер (Ј01) во фабрикaта во Жанцаганг. Во исто време, изведбите со мотор со внатрешно согорување се произведуваат во Оксфорд. Тоа ќе се смени. Во иднина, Ј01 исто така ќе се произведува во англиската матична фабрика.
Овие модели Мини ќе ги пушти во продажба до завршетокот на 2025 година

Збогување со Клабмен
На новиот Кантримен исто така му беше потребно нешто подолго време додека пристигне новата генерација. Тој сега ја дели платформата УКЛ со БМВ Икс 1. За производството на Кантримен првпат е задолжена фабриката во Лајпцих.
Без оглед на тоа што двата модели се слични со техниката, Мини повеќе не го нуди својот Кантримен како приклучен хибрид. Побарувачката не ги исполни очекувањата. Во Мини веруваат дека на купувачите повеќе ќе им се допаѓа целосно електричен Кантримен.
Во почетокот на годинава, Мини се збогуваше со Клабмен. Комбито за луѓе со различен животен стил беше присутно во понудата на Британците цели 14 години. Тоа сепак нема да добие наследник.

Просторот меѓу Купер со 5 врати и СУВ-моделот Кантримен ќе го пополни Ејсмен. Тоа е комби кросовер долг 4,08 метри. Ејсмен се произведува само во целосно електрична изведба. Тој користи иста платформа со Купер Ј01 и заедно со него се произведува во Кина. За Ејсмен исто така постојат напори за производството да се префрли во Оксфорд.
Нов кабриолет
Британците на салонот во Париз ги прикажаа изведбите под знакот на Џон Купер Воркс од Ејксмен и Купер СЕ. Тоа е првпат Џеј Си Ви да извлекува врвни перформанси од модели со електричен погон. Продажбата почнува в година. Купер во изведба Џеј Си Ви ќе биде достапен веќе во текот на годинава.
БМВ во ноември ќе ги соопшти плановите за новите модели што во блиска иднина треба да почнат да излегуваат од фабриката во Спартанбург, САД. Меѓу нив се наоѓа и Мини Кабрио. Пазарниот старт се очекува кон завршетокот на годинава. Мини уште не излегува со официјална потврда, дали кабриолетот ќе биде достапен и во изведба со целосно електричен погон.
Сепак е мошне извесно дека електричниот кабриолет доаѓа во понудата. Се претпоставува дека тоа ќе биде во следното лето. Доготаш фабриката во Оксфорд треба да се подготви и за производството на кабриолетот. Тоа се сели од Холандија, од ВДЛ Недкар. Мини таму го произведуваше досегашниот кабриолет.
















