Луѓе со право кажуваат дека возат Мерцедес-Бенц уште од дете

Описот за најновиот модел со знак на Мерцедес-АМГ може да внесе мала забуна: Каросеријата, воланот, тркалата и гумите се конструирани од ново, седењето е подобрено, лед светла. Тоа важи за новата генерација детски автомобили на Мерцедес, Боби-АМГ.

Мерцедес треба да има јасно препознатлива маска, браник што оддава динамика, нагласен заден дифузор и впечатливи светла, па дури и кога се работи за Боби-АМГ, детска количка со ножен погон. Новите модели за деца се дизајнирани да бидат верни на оригиналите. Овојпат повторно послужи како пример Мерцедес-АМГ ГТ.

Може да се избира меѓу две варијанти. Едната е хајпер-сина со лед светла, другата е сончево жолта и кај неа нема потреба од светла. Во осветлената изведба може да се вклучат предните и задните светла, и да се пушти лев или десен трепкач преку копчиња во кокпитот.

Верно на марката, светлата се изведени од квалитетна пластика со целосна транспарентност. Воланот е по пример на Мерцедес-АМГ. За разлика од претходната генерација, маската, предниот спојлер и задниот дуфузор се изведени како посебни делови, место обична налепница.

Гумите имаат оригинална шара на Мишелин, а секако и петкраките тркала се по пример на АМГ.

Седиштата се преработени, за подобра ергономија, а исто така се обложени, за повеќе комфор. Сега е предвидено и проширување за колената во кабината, за со Боби-АМГ да можат да управуваат и поголеми деца.

Сите седум генерации детски автомобили на туркање на Мерцедес

Првиот Боби-Бенц беше СЛК и се појави во 1996 година. Двете следни генерации беа пуштени во 2004 и 2008 година, исто така СЛК, за три години подоцна да следи 4-та генерација, овојпат по пример на СЛС АМГ. Во 2016 и во 2019 година, како основа се користеше АМГ ГТ.

Сите детски автомобили се произведени во Германија, во фабриката за играчки БИГ, производител на оригиналните Боби-автомобили.

Дозвола за возење се стекнува од 18 месеци нагоре.

Врска до страницата

https://shop.mercedes-benz.de/Kinderrutscher-Bobby-AMG-GT/B66962013

 

Претходна објаваПрвиот пикап на Киа мина 1.777 тестови, премиерата ќе се одржи во Џеда
Следна објаваМини има уште бројни нови модели за пуштање на пазарот