Дефендер е ексклузивен спонзор на годинешниот Скопски Џез Фестивал

Автомобилите се враќаат на македонската сцена во својата традиционална улога на донесувачи на културни настани и привлекувачи на вниманието на јавноста. Дефендер, сега како посебна марка на Јагуар Ланд Ровер, ја ужива улогата на ексклузивен спонзор на годинешниот Скопски Џез Фестивал.

Кај автомобилите е многу едноставно. Постојат автомобили што се производ на индустријата, и постојат оние другите што се производ на луѓе. Кај едните е важно нештата да се измерат, за човек да се увери дека добива најмногу за тоа што ќе го вложи, додека кај оние другите воопшто не решаваат нештата што се мерливи, туку тоа што автомобилот го предизвикува како чувство и тоа што името на автомобилот му значи на човек. Како Дефендер.

Тоа е универзално правило. Истото важи и за музиката. Постојат места кога музиката само ги придружува случувањата и се слуша во заднина, а постојат и места на коишто се оди точно поради музиката, којашто не само што се слуша, туку и се гледа. Значи, пак се работи за нешто повеќе.

Така и со џезот, музиката што се слуша со гледање. Како еден од настаните што се издвојува со вниманието при организирањето и со името што го има изградено во изминативе 43 години, Скопскиот Џез Фестивал годинава ужива ексклузивно спонзорство од Дефендер. Еден од најугледните културни настани, не само во Македонија, туку и во поширокиот опфат на светот на џезот, се спои со една од најотмените автомобилски марки што постојат на светската сцена.

Дефендер веќе извесно време е издвоен како марка на Јагуар Ланд Ровер, заедно со Рејнџ Ровер и со Дискавери, и секако Јагуар, како четири марки на Хаус оф Брендс, на куќата на брендовите. Зошто овој спој се чини толку природен, меѓу марката што е изградена во најтешките предизвици во теренското возење, а во исто време е отмена и претставителна, со светот на џез музиката и општо на џез културата, најверно опиша Анамарија Хуцика, директорка за маркетинг и ПР на Валис Адрија, дистрибутер за Јагуар Ланд Ровер во поширокиот регион – „и џезот е еден вид авантура, исто како што Дефендер се поврзува со авантура“.

За да ја одбележи честа да биде ексклузивен спонзор на Скопје Џез Фестивал 2024, Дефендер во средата го најави отворањето на фестивалот со еден отмен собир во Филхармонија Кафе Бар. Најсоодветната најава што можеше да се направи ја дадоа Џијан Емин со Д’ Њу Џез Месенџерс, кој секогаш се труди „да наметне нова звучна естетика, се претстави со авторска џез музика, носејќи ги присутните на вонсериско емотивно музичко патување,“ порачуваат од Аутомобили Груп.

Фестивалот е отворен од 17-ти октомври и ќе трае до 20-ти октомври. За време на фестивалските денови на џезот во Скопје, пред Националната Опера и Балет ќе биде изложен примерок од Дефендер, со внатрешност со темна премиум кожа, со панорамски покрив и со аудиофилски систем создаден од Меридиан посебно за моделот.

Претходна објаваМини има уште бројни нови модели за пуштање на пазарот
Следна објаваГерманските производители се борат да си го вратат уделот на кинескиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here