Кинески Липмотор ќе биде главната премиера на Стелантис во Париз

Ц10 е еден од трите модели што Липмотор, под заедничката компанија со концернот Стелантис, ќе ги изложи на салонот во Париз.

Стелантис годинава се враќа на салонот во Париз со нова марка во својата понуда. Тоа е кинескиот Липмотор, којшто ќе одржи премиера на компактниот СУВ-модел Б10 што е наменет за европскиот пазар.

Покрај Липмотор, на салонот ќе учествуваат уште Алфа Ромео, Ситроен и Пежо. Премиум марката на Стелантис, ДС, нема да изложува, исто како останатите европски марки на концернот, меѓу кои се главни Фиат, Опел и Масерати.

Липмотор се придружува во концернот Стелантис како 15-та светска марка, преку заедничката компанија Липмотор Интернационал, каде што Стелантис држи 51 проценти од акциите. Липмотор Интернационал ќе ги продава моделите на кинеската марка надвор од Кина.

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, и основачот, претседател и извршен директор на Липмотор, Шу Џиангминг, на салонот ќе го претстават Б10. Парискиот салон отвора за публика на 15-ти октомври, откако еден ден претходно новинарите први ќе се запознаат со новитетите.

Покрај Б10, Липмотор ќе ги прикажува и Ц10, којшто е електричен СУВ од средна класа, како и Т03, градски автомобил со електричен погон.

Моделот Ц10 е конструиран врз платформата Леап 3.0 на Липмотор и безбеден е за пет ѕвезди според Е-НКАП.

Т03 се произведува во фабриката на Стелантис во Тихи, Полска, каде што се врши монтажа на полуготови модули што се увезуваат од Кина. На тој начин се избегнуваат казнените царини што ЕУ ги одреди за увозот на електрични автомобили од Кина. Тавареш најави можност и други модели на Липмотор да се произведуваат во Европа.

Тавареш на 15-ти октомври ќе одржи воведен говор на автомобилскиот самит што се одржува во Париз, на просторот на Париз Експо.

Стелантис на 25-ти септември најави дека на салонот ќе присуствува со 26 модели од четири марки, вклучувајќи пет светски премиери, меѓу кои и Липмотор Б10, којшто е единствен вистински новитет.

Покрај Липмотор, премиери ќе има и на модели од Алфа Ромео, Ситроен и Пежо.

Алфа Ромео

Алфа Ромео Јуниор Велоче има тркала од 20 инчи, спуштено подвозје и спортски нагодена амортизација.

Алфа Ромео Јуниор Велоче 280ЦВ е најспортската изведба од малечкиот кросовер и првпат се појавува пред јавноста. На штандот ќе биде изложено и моделското 2025 годиште од компактниот СУВ-модел Тонале, најпродаваниот модел на Алфа, со неколку измени, како и 33 Страдале, суперспортски автомобил што ќе се изработи во ограничен број примероци, и нова верзија од лимузината од средна класа Џулиа, Квадрифољо СуперСпорт.

Ситроен

 

Малечкиот електричен кросовер Ситроен Ц3 Еркрос, конструиран врз платформата Смарт Кар на Стелантис, има деби на парискиот салон.

Новите Ц3 и Ц3 Еркрос, комбилимузината и неговата СУВ-изведба, првпат ќе се појават пред пошироката јавност, иако двата модели веќе се достапни за нарачка. Тие се први модели на Ситроен за европскиот пазар, што се конструирани врз платформата Смарт Кар на Стелантис и се понудени и во електрична изведба со достапна цена и во изведба со бензински мотор.

Пежо

Фастбекот Пежо 408, модел што француската марка го сместува во средната класа, ќе добие целосно електрична изведба.

Целосно електричната изведба од фастбекот на Пежо ја носи вообичаената ознака е-408 и ќе има премиера на салонот во Париз. Меѓу останатите новитети на Пежо се електричните изведби со продолжен досег од компактниот СУВ-модел е-3008, со досег до 700 километри, и СУВ-седумседот е-5008, со досег до 668 километри.

Претходна објаваНа европската автомобилска индустрија ѝ претстои совршена бура, вели АЦЕА
Следна објаваИнеос го запре производството, Рекаро не испорачува седишта

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here