На европската автомобилска индустрија ѝ претстои совршена бура, вели АЦЕА

Европските производители на автомобили се соочуваат со големи предизвици, во услови кога разочарува побарувачката за електрични возила и растат трошоците, и претстои стапувањето во сила на новите норми на Европската Унија за смалување на емисијата на карбон, вели шефот на европското здружение на производители на автомобили АЦЕА.

Автомобилската индустрија во ЕУ сé уште е во „кусок од 2 милиони возила на пазарот и во фабриките“ во споредба во нивото пред пандемијата, кажа Зигфрид де Врис, генерална директорка на АЦЕА, во интервјуто од 25-ти септември за телевизијата Блумберг.

„Тоа создава голема неизвесност – ние некогаш велиме дека тоа е речиси совршена бура.“

Европското здружение на производители на автомобили АЦЕА, во минатата недела повика на „итна акција“ во пресрет на построгите норми за емисија на ЕУ, што треба да стапат на сила во 2025 година. Производителите се во опасност да се соочат со казни што можат да достигнат висина од неколку милијарди евра. Во исто време, кинеските производители притискаат со своите електрични автомобили што пристигаат во сé поголем обем.

Производителите на автомобили во ЕУ остануваат обврзани кон зелената транзиција и бараат од законодавството да биде „пофлексибилно“ и да најде начини за да даде подобра поддршка за индустријата, вели де Врис.

„Во моментов водиме многу разговори,“ кажа де Врис. „Ги известивме законодавците околу проблемот, укажавме на нашата загриженост и на причините за таа загриженост.“

Продажбата на ЕВ во Европа е под очекувањата, откако некои држави, а посебно Германија, ги укинаа масивните субвенции.

Наглиот пад во продукцијата на автомобили во Италија исто така се најде на табла, што ја наведе на италијанската премиерка Џорџиа Мелони да побара ЕУ да ги смени правилата.

Концернот Фолксваген месецов исто така навести дека за првпат постои опасност од затворање на фабрики во Германија, за да се скусат трошоците.

За германскиот производител се претпоставува дека ќе се соочи со највисоките казни, откако ЕУ во следната година ќе ги стави на сила построгите норми за емисија на ЦО2, што се пресметува како просек од емисијата на карбон од сите продадени возила на концернот.

Стелантис и БМВ се меѓу компаниите од коишто се очекува да ги исполнат строгите норми на Унијата.

Претходна објаваЈагуар Ланд Ровер се подготвува за електричните, бензинците остануваат во производство
Следна објаваКинески Липмотор ќе биде главната премиера на Стелантис во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here