Германски експерт обвинува дека политиката е виновна за кризата во домашното производство на автомобили

Ценетиот германски експерт Фердинанд Дуденхофер вели дeка автомобилската индустрија во Германија го губи тлото под нозете. „Тоа е отровна мешавина од Берлин и Брисел, што на долг рок ѝ наштетува на Германија, како локација за производство на автомобили“, обвинува Дуденхофер.

Добитник е автомобилската индустрија во Кина, којашто сé повеќе ја искористува предноста што ја има кај електричните автомобили.

Дуденхофер: „Европа заостанува сé повеќе“

Уделот на батериските електрични автомобили (БЕВ) во Кина во првото полугодие се зголеми на 25,7 проценти од вкупната продажба на автомобили во земјата. Наспроти тоа, уделот во САД остана непроменет на 7,7 проценти, додека уделот во ЕУ се намали на 12,5 проценти. „Со тоа сé повеќе се зголемува ценовната предност на Кина во електричните автомобили, додека Европа заостанува сé повеќе“.

Со предноста што ја донесува масовното производство и со големите капацитети за производство на батерии, електричните автомобили во Кина се произведуваат поевтино отколку во Германија.

„Уделот на електричните автомобили е смален откако беше запрена субенцијата“

Германија дури и спречува да продолжи се зголемува бројот на електрични автомобили по улиците, и ја сопира европската автомобилска индустрија, вели Дуденхофер, најистакнатиот и најцитиран автомобилски експерт во земјата.

Во Франција, Италија и Шпанија се зголеми уделот на електричните автомобили во првото полугодие. За разлика од нив, уделот на БЕВ во Германија е смален откако лани во средината на декември ненадејно беа укинати субенциите, што на германските возачки и возачки и на фирмите им го олеснуваа купувањето електричен автомобил, со помош што достигаше близу 10.000 евра.

Голема мешаница откако експертот Дуденхофер јасно посочи каде е вината; „Автомобилската индустрија си најде нов дом во Кина“

Покрај тоа, се водат нови дебати околу вештачките погонски горива, како и околу забраната за продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година. Најново, се очекува ЕУ во ноември да ги потврди казнените царини за електричните автомобили од Кина.

Насловна на Шпигел во 2023 година, „Големиот брат“, Бајден го држи Шолц за рака

Доколку не се направат промени во насоката во којашто се движат нештата, од поглед на екомистите, Европа во иднина нема повеќе да биде конкурентно место за производство на автомобили.

 

Претходна објаваМерцедес ќе ја произведува ГЛЕ во Кина за локалниот пазар
Следна објаваСуперб по третпат: Најдоброто од Шкода уште подобро

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here