Берлин регистрирал преку 16.000 прекршоци со дипломатски возила лани

Фото: Kevin B

Дипломатите во Берлин се сé подрски во сообраќајот, посебно од една земја. Полицијата во германската престолнина во минатата година напишала 16.615 прекршоци со возила со дипломатски таблици.

„Кој вози со дипломатски регистерски ознаци, може да вози брзо, да присилува и да паркира погрешно, по желба … а, полицијата мора да го гледа тоа“, пишуваат германските медиуми за состојбите во Берлин, германска престолнина и дом на бројни дипломатски преставништва.

Според извештаите што полицијата на Берлин ја доставила на барање на германската новинска агенција ДПА, сообраќајот најмногу го загрозиле вработени во амбасадите на САД.

Бројот на регистрирани сообраќајни прекршоци од дипломатите во Берлин за една година се зголемил за близу десет проценти. Во 2022 година биле поднесени 15.110 полициски пријави за сообраќајни прекршоци со дипломатски возила. Во минатата година, бројот се зголемил на 16.615 прекршоци. Веста први ја објавија Тагесшпигел.

Дипломатите на САД се посебно безобѕирни

Според полициските бележници, најголем број прекршоци прават дипломати на САД (1.055), по нив се Саудиарабијците (826), трети се Ирачани (587). Поради имунитетот, казните не можат да бидат изречени. На полицијата и на останатите органи им се врзани рацете. Казните што Берлин требало да ги наплати од дипломатите, достигнуваат 379.010 евра, пресмета полицијата.

Најмногу прекршоци се направени од дипломати на САД (1.055), потоа на Саудиска Арабија (826), Ирак (587) и Либија (378). Следни се Малдивите, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Катар и Египет.
Берлинер Моргенпост

Претходна објаваЏили доби посета од кинескиот министер за трговија, при неговата тура низ Европа
Следна објаваТивко и делотворно: Лексус направи уште подобар хибрид од својот У-Икс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here