Неоданочен викенд за тестирање на Ford

Во комплексот на Ми-Да Моторс повторно е раздвижено викендов. Ford има нова продажна кампања што порачува јасно– ослободено од данок. Покрај пробни возења има и многу подароци.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, во периодот од 10 до 16 часот се достапни за тестирање сите возила од гамата на Ford, како и одредени модели од брендовите Land Rover и Jaguar. За сите посетители кои ќе извршат тест возење следува пакет со подароци „Tax Free“, како и понуда „Tax Free“ за било кој Ford автомобил. Покрај тоа, сите возачи што ќе направат пробно возење ќе добијат можност за бесплатна интерактивна проверка на нивното возило, како и проценка на старо за ново на лице место.

Претходна објаваДубаи не ги измисли полициските суперавтомобили
Следна објаваНајлудите автомобили со шест тркала