Bugatti почна со тестирање на наследникот на Veyron

Приближно за една година треба да стартува наследникот на Veyron, со мотор со моќност од 1.500 КС и крајна брзина од преку 435 km/h. Прототип од моделот веќе се тестира на Нирбургринг.

Bugatti веќе неколку години работи на развој на наследникот на Veyron, а првите два прототипа од идниот модел сега излегоа на тестирање на патеката во Нирбургринг, каде што „карпараците“ не пропуштија да направат вредни фотографии. Ексклузивната марка на Volkswagen мора да ги впрегне сите напори да се одбрани од нападот од McLaren P1, Porsche 918 Spyder и Ferrari LaFerrari.

Техниката на наследникот во оваа почетна фаза се тестира во каросерија на Veyron и уште не може да се суди за изгледот на идниот суперавтомобил, но на фотографиите јасно се забележува дополнителната алуминиумска структура во моторот, што укажува на тоа дека се презема темелна модификација на осумлитарскиот мотор W16 со четирикратно турбонатполнење од актуелниот модел.

Според претходните најави на Волфганг Шрајбер, шеф во заминување во Bugatti, наследникот на Veyron ќе има значително повеќе коњски сили, но тој не откри и дали дополнителната моќност ќе се постигне со „потстегнување“ на постоечкиот мотор или со додавање на хибридна погонска единица. Поверојатно е дека инженерите на Bugatti сепак ќе се решат за втората опција, односно за електромотор. Претходно беше потврдено дека конструкцијата на моделот ќе претрпи драстично смалување на тежината, за да се ослободи резерва за дополнителната тежина од батериите и електромоторот. Бандажите, на пример, се планира да бидат изработени целосно од карбон.

Моќноста на идниот модел ќе се движи околу 1.500 КС, при максимална вредност на вртежниот момент од 2.000 њутнметри. Со оваа моќ, наследникот на Veyron ќе забрзува до сто за помалку од 2,5 секунди и ќе постигнува брзина од преку 435 КС, што е услов за Bugatti да ја врати титулата на најбрз автомобил на светот, која моментно „неофицијално“ му припаѓа на Hennesey Venom.

Производството на новиот модел ќе стартува веднаш откако ќе се продадат околу педесетината примероци од Grand Sport Roadster. Тоа значи дека наследникот на Veyron може да се очекува кон крајот на следната година, по цена од околу 2,5 милиони евра.

bugatti2

Претходна објаваBrammo Empulse R: Најбрзиот електричен мотоцикл пристига во Европа
Следна објаваКонцернот Volkswagen е најпосакуван работодавец за младите инженери

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here