Според една студија, апсолвентите на техничките универзитети во Германија најмногу посакуваат вработување во авто индустријата, а особено во марките на концернот VW.
Идните инженери и економисти во Германија најмногу посакуваат по завршувањето на нивните студии да се вработат во автомобилската индустрија, првенствено во марките на концернот Volkswagen. Тоа го покажа истражувањето меѓу студентите на германските универзитети.
Три марки на концернот од Волфсбург се пласираа највисоко во обете струки: Audi на првото место, Porsche на третото и марката Volkswagen на четвртото место. На второто место е BMW, додека Mercedes ја заокружува водечката петорка. Резултатите се добиени од анкетирањето на преку 17.000 студенти на инженерски и економски студии во Германија.
Како идеален работодавец дури 27,9 проценти од инженерките и инженерите го избираат Audi. Меѓу најпопуларните работодавци за идните инженери се и Porsche со 23,9 и Volkswagen со 17,2 проценти, додека кај економистите Audi постигнува 20,9 проценти, Porsche 17,6 и Volkswagen 14,5 проценти.
Др. Хорст Нојман, шеф за персонал во Volkswagen AG, ги толкува резултатите од студијата: „Во Volkswagen особено ги цениме компетентноста и ангажманот на нашите вработени. Се радуваме на тоа што квалификуваните млади експерти знаат дека Volkswagen им нуди одлични шанси за развој како меѓународен концерн. Сакаме со врвен тим да станеме водечко автомобилско претпријатие во економски и еколошки поглед. Затоа ги вработуваме најдобрите.“
















