Берлинската полиција вози електрични скутери BMW CE 04

Хелмут Шрам, директор на фабриката на групацијата BMW во Берлин, на претседателкатa на полицијата Др. Барбара Словик и на државната секретарка Др. Никола Бекер-Џанини, им ги предаде мотоциклите BMW што се произведени во Берлин-Шпандау.

Берлинската полиција уште еднаш се поднови со мотоцикли што се произведени во фабриката на BMW во Шпандау, во годината во којашто компанијата одбележува еден век постоење. Лани BMW испорача над 200.000 мотоцикли и скутери на светскиот пазар. Со тоа, BMW Motorrad се водечки во делот на мотоциклите од премиум-сегментот.

Како што објаснува шефот на фабриката во Берлин, Хелмут Шрам, „нашите клиенти ги одушевуваме со најдобрите мотоцикли во своите сегменти“. Ова мото се почитува и со возилата што им се испорачуваат на државните органи. „Сакаме да го развиеме совршеното работно место на две тркала, за најразлични видови на примена,“ додава Шрам.

Тоа што посебно им причинува гордост во сино-белата марка на две тркала се целосно електричните BMW CE 04. Станува збор за четири примероци од овој модел со јасно воочлива технолошка авангарда. Меѓутоа, извесно е дека по оваа почетна нарачка, понатаму ќе следат уште поголем број возила што користат погон на струја.

Последното обновување на возниот парк на берлинската полиција со мотоцикли BMW се случи во 2020 година, кога беа испорачани 35 возила

BMW Motorrad е единствен производител што сам ги хомологира возилата за потреби на државните служби и што сам ги врши потребните преправки. Во 2022 година, во четириесет држави се испорачани мотоцикли за државните органи. Станува збор за близу 5.000 мотоцикли, од кои во Германија се испорачани само 217 возила. Лани била втора најдобра продажна година на „Motorrad“ во историјата на марката. Во светски рамки, никој не продава повеќе мотоцикли на државни органи oд BMW Motorrad.

Претходна објаваPeugeot 9X8 годинава вози полна сезона во трките во издржливост
Следна објаваТест · Kia XCeed 1.5 T-GDi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here