Европа и САД можат до 2030 година да ја надминат зависноста од Кина за батерии за електрични возила, преку вложување во висина од преку 160 милијарди долари. Тоа го објавува „Фајненшел Тајмс“, повикувајќи се на извештај од Goldman Sachs.
Доминацијата на Кина може да заврши преку воведување протекционистички политики во Европа и САД, заедно со алтернативна хемија за батериите, со којашто се намалува уделот на критични минерали од Кина, како и со поширок обем на рециклирање на батериите.
Во извештајот на Goldman Sachs, за државите што се натпреваруваат со Кина да постигнат самоодржувачки синџир на набавки, потребно е тие да потрошат 78,2 милијарди долари на батерии, 60,4 милијарди на компоненти и уште 13,5 милијарди на рудници за литиум, никел и кобалт, како и 12,1 милијарди за преработка на тие материјали.
Во САД, законот за намалување на инфлацијата ќе даде поттик за производството на електрични возила. Законот потпишан на 16-ти август, вклучува провизии коишто имаат за цел да го зајакнат производството на електрични возила и батерии во САД, вклучувајќи и услов, потеклото на возилата да биде соодветно, за истите да може да добијат субвенции за електирчни возила.
West could end reliance on Chinese batteries by 2030, says Goldman Sachs https://t.co/rgvYVLFqoS
— Financial Times (@FT) November 22, 2022
Аналитичарите на инвестициската банка веруваат дека побарувачката за готови батерии може да се покрие без набавки од Кина во период од три до пет години, како резултат од инвестициите на јужнокорејските конгломерати LG и SK Hynix во САД.
Goldman проценуваат дека уделот на производителите на батерии од Кореја ќе се зголеми на 55 проценти за три години, поаѓајќи од 11 проценти во 2021 година.
















