Најдобро оценет автомобил на Peugeot со дизел мотор е СУВ-моделот 3008, којшто се најде на подиумот, додека на списокот на 50 најдобри модели според специјалистите на Diesel & Eco Car има уште три модели под знакот на лавот.
Peugeot 3008 е на подиумот, на третото место во изборот на најдобрите модели со дизел мотор што се достапни на британскиот пазар. Како модел што и претходно има остварувано пласман во Топ 50, Peugeot 3008 ги убеди експертите на Diesel Car со комфорот што го нуди и за возачот и за патниците, и со стилскиот дизајн, како на каросеријата, така и на внатрешноста.
Јан Робертсон, уредник и издавач на Diesel&EcoCar, кажува: „Фејслифтот му донесе уште повпечатлив изглед и ентериер на 3008, без да се разводнат атрибутите што доведоа тој да биде ‘Топ 50‘ победник во изминатите години. Одличен за возење, префинет и комфорен, 3008 исто им удоволува и на возачот и на патниците. Дизајнот на внатрешноста е посебен, исто како и големиот и практичен багажник.“
Најновиот модел што се придружи во гамата на Peugeot е 308, којшто на британскиот пазар дебитираше во почетокот на годинава. Тоа е воедно и првиот модел што го покажа на себе новото лого на Peugeot. Моделот секако дека го привлече вниманието на жирито на Diesel Car. Компактот се најде на 10-то место, со посебни оцени од жирито за дневните светла во форма на заби очници и со PEUGEOT i-Cockpit.
2022 Diesel Top 50 Announced #CarOfTheYear2022 #DieselTop50 #DS4 #DS4 https://t.co/nOMCrKXvIN
— DieselCar (@DieselCarOnline) November 4, 2022
На 20-то место е големиот СУВ-седумсед 5008, со исти освежувања како 3008. Градскиот модел и повеќекратно наградуван Peugeot 208, ја има 18-та позиција во Топ 50 најдобри дизели. На жирито му се допаднаа посебно цената и штедливоста, но и темпераментните возни својства и корисната технологија што му помага на возачот.
Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?
















