Valeo произвел 10 милиони камери за безбедносните системи во автомобилите

Во својата фабрика во Вемдинг, Баварија, дoбавувачот Valeo го произведе 10-милионитиот систем со камера што користи технологија на Mobileye.

Valeo е светски лидер во напредните системи за асистенција (ADAS, Advanced Driver Assistance System) и од 2015 година соработува со Mobileye, чијашто технологија EyeQ ја користи во хардверот и софтверот на својот систем со камера. EyeQ претставува решение System-on-Chip (SoC, систем на чип) од Mobileye.

Mobileye важи како технологија што воведе револуција во примената на технологија за компјутерска визија во автомобилските системи за асистенција. Досега се развиени и произведувани повеќе генерации на овој систем.

Овој систем со камера се грижи за бројни функции за безбедност, што се веќе стандард во повеќето модели од новите генерации. Тоа се системи како самостојно запирање при опасност од судир и запирање при препознавање пешак или велосипедист пред возилото, потоа темпомат што забавува самостојно кога напред има побавно возило и исто така забрзува самостојно кога возилото ќе се престрои во лентата за престигнување. Системот што се грижи за возилото да не ја напушти сообраќајната лента исто така се базира врз оваа камера. Не вклучувајќи ја технологијата на Mobileye, Valeo досега има произведенo над 13 милиони системи со камера.

За в година се предвидува Valeo да произведе уште девет милиони вакви системи. До 2030 година, близу 90% од сите нови автомобили ќе бидат опремени со оваа технологија, односно уделот на возила со ADAS ќе се зголеми двојно.

Според статистиката, повеќе од 90% од сите незгоди на патиштата се случуваат поради човечка грешка. Системите со предна камера се темел врз којшто ќе се постигнува натамошно намалување на бројот на незгоди и жртви во сообраќајот. До 2030 година, пазарот за овие системи ќе расте со просечно 17% секоја година, за да достигне волумен од 60 милијарди евра. Покрај системи со камера, Valeo произведува уште ултразвучни сензори, радари и лидари, како и софтвер.

Nvidia претстави нов процесор за вградување во автомобили

Претходна објаваVolvo во коалиција што бара од владите чекори за заштита на климата
Следна објаваПолска ќе произведува електрични автомобили, техниката од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here