за

Nvidia претстави нов процесор за вградување во автомобили

Новиот процесор на Nvidia располага со моќта на процесирање што е неопходна за автономното возење.

Производителот на чипови Nvidia ќе си обезбеди место во идните автомобили што ќе поседуваат понапредна генерација компјутери. Системот со името Atlan ќе почне да се вградува во 2025 година.

Компјутерот ја наследува верзијата Orin што ќе се вградува во новите модели на Mercedes, почнувајќи од 2023 година. Покрај високата процесорска моќ од преку 1.000 трилиони операции во секунда (TOPS), Nvidia посебно ја нагласува безбедноста на процесорот, што исто така има клучна важност во автомобилската сфера.

Nvidia во исто време го претстави и својот прв главен процесор за компјутерски центри. Со овој чекор, Nvidia го погодува најчувствителното деловно подрачје на гигантот во браншата Intel. Чиповите на Nvidia веќе се користат за графичка обработка и за апликации што се темелат на вештачка интелигенција.

Концернот со тоа го презема следниот голем чекор. Предноста е во тоа што главните процесори под марката Grace можат да користат иста меморија со KI и графичките чипови на Nvidia.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Twingo Cup се враќа, викендов се вози на Хунгароринг

Водородниот погон на Toyota ќе движи и локомотива