Twingo Cup се враќа по пауза од една година и тоа на повисоко натпреварувачко ниво, во FIA CEZ (FIA Central European Zone).
Новата сезона стартува овој викенд со закажани две трки на 17-ти април (сабота) во Унгарија, на познатата патека Хунгароринг. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021 POWERED BY GLASO.
Нашите натпреварувачи се: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.
На Хунгароринг во сабота ќе се одмеруваат силите со 19 натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија. Во вторава сезона, покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде што нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанијата на FIA CEZ, и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули), Словакиаринг – Словачка (Август), Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.
Подржувачи на купот се Аутомотив Груп, Renault, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг, кои овозможуваат трките да се организираат на високо ниво, како на домашно, така и на меѓународно ниво.