Јужнокорејската корпорација Kia во минатиот месец испорачала 249.146 возила на светскиот пазар, за 11,0% повеќе во споредба со септември лани.
СУВ-моделите ја предводат продажбата на Kia во септември, со Sportage и Seltos, како два најпродавани модели на марката. Sportage учествува со 42.168 продадени возила, пред Seltos со 28.847 примероци. Трет најпродаван модел на Kia во светски рамки е знаменосецот Sorento со продадени 20.122 примероци во септември.
На извозните пазари, Kia постигнала продажба од 209.137 возила, што е зголемување за 10,9 проценти во споредба со септември лани. Главни носители на продажбата и натаму се СУВ-моделите Sportage и Seltos SUV, соодветно со 37.727 примероци, односно 25.334 примероци. Продажбата напредува најмногу во САД, Азија и Пацификот, Индија, Средниот Исток и Африка, како и во Јужна и Централна Америка.
На домашниот пазар, Kia во септември испорачала 40.009 возила, за 11,8 проценти повеќе од истиот месец лани. Најпродаван модел на корејскиот пазар е луксузниот СУВ-модел Sorento, со 5.335 примероци, па дури по него следи светскиот Kia-бестселер Sportage, со продадени 4.441 примероци во Кореја.
Бизнисот на Kia се одвива мошне суверено во актуелното пазарно и политичко опкружување, со само 2 проценти намалена продажна од почетокот на годината. Секако дека и Kia се соочува со кризата што е предизвикана од недостиг од чипови за авто-производството, но тоа е повеќе предизвик за менаџментот, и очигледно е дека во компанијата добро се справуваат со тој предизвик.
Kia Sportage најпродаван модел во Македонија во јули – заедно со Fiat Tipo
Удел во растот на продажбата има новата генерација модели, меѓу кои електричниот кросовер EV6, којшто е носител на насловот на Европски Автомобил на 2022 година. Овој модел, исто како и останатите модели од EV-семејството, вклучувајќи го идниот луксузен СУВ на струја EV9, носат воедно и профитабилност. Kia паралелно воведува и услуги поврзани со мобилност, во насока на целта, клиентите да ја имаат Kia за прва адреса, за сите услуги поврзани со превоз. За продажба на автомобили, тоа се подразбира.
















