Тешко да се одолее на чорапи во дезенот на седиштата на Opel Corsa

Добриот дизајн отсекогаш бил одлика на Opel Corsa. Тоа важеше уште за првата генерација, потоа следеше уште една кулминација со генерацијата B и дизајнот на Хидео Кодома. Денешната Corsa е бестселер, јасно дека и нејзиниот дизајн е погоден. Opel сепак нé навраќа во 1982 година, на првата Corsa, на специјалниот дезен на седиштата.

За 40-те се вели дека се новите 30-ти. Се вели и дека животот вистински почнува во 40-та година. Opel Corsa исто така има што да додаде за оваа убава бројка. Градскиот модел на Риселсхајм се појави првпат пред 40 години, значи во 1982 година.

Моделот тогаш промени бројни нешта кај градските автомобили. Во сите генерации оттогаш, Corsa минува одлично на пазарот. До денес од фабриките се излезени повеќе од 14 милиони примероци под ова моделско име. Денешниот модел е од шестата генерација и се вбројува меѓу најпродаваните модели во класата. Посебно голем интерес постои за електричната изведба Corsa-e.

Кога првата генерација на Corsa пристигна во салоните, купувачите беа одушевени од острите рабови на каросеријата, исто како и од впечатливиот стил во кабината. Главниот печат во кабината доаѓаше од облогите на седиштата со дезен на тартан. Овој дезен повторно ќе им биде достапен на фановите на Opel.

https://photos.app.goo.gl/3M2pEuvNPVCRktNZ9

Во онлајн-продавницата на Opel, наскоро ќе бидат понудени тартан-чорапи, коишто ќе се изработат во ограничен број примероци. Спакувани во специјално дизајнирана славеничка кутија се четири пара чорапи, удобни за носење и убави на око. Фановите ќе бидат посебно одушевени од тоа што дезенот е верен на седиштата на Corsa A. Има и втора варијанта на чорапите, коишто имаат повеќе модерен стил.

https://photos.app.goo.gl/LKL5qbY9bev7cW5S6

https://photos.app.goo.gl/CM9vTjY53ZhYpiZe9

Секако дека целата прослава нема да се сведе на чорапите. Opel најавува дека наскоро пак ќе има убави вести за 160-те години на Opel и за 40-те години на Opel Corsa. Во меѓувреме ја чекаме и новата генерација на Opel Astra да се појави во салоните во Македонија. А, штом толку се молчи, нешто големо се подготвува.

Во онлајн-продавницата на Opel може да се најдат и вакви нешта:

Со Opel Grandland до Луке: Патување најдалеку на север

Претходна објаваРусија вложува во фабрики за делови за автомобили
Следна објаваВака изгледа електричната Kia EV4 според магазинот Auto Bild

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here