за

Вака изгледа електричната Kia EV4 според магазинот Auto Bild

Во 2024 година во понудата од електрични модели на Kia ќе се вклучи компактен СУВ, помал и подостапен од EV6, актуелниот европски автомобил на годината.

Магазинот Ауто Билд објави цртежи и податоци за новиот модел на струја на Kia. Компактниот СУВ со ознака EV4 ќе им парира на Mercedes EQA и Volvo C40 Recharge.

Електричниот кросовер EV6 е голем погодок на Kia. Тоа е прв модел што ја користи новата платформа E-GMP, наменета за модели што се нудат само во електрична изведба. Врз платформата ќе се развиваат модели од сите класи и во сите каросериски изведби. Корејците ги имаат заштитено правата на сите моделски ознаки, од EV1 до EV9.

Како што пишуваат Ауто Билд, британскиот Ауто Експрес и останатите медиуми од големата мрежа на германскиот магазин, под големиот EV6 ќе се понуди покомпактна изведба со ознака EV4. Моделот се очекува да стартува во 2024 година, како противник на Volvo C40 Recharge и Mercedes EQA. Изгледот се повикува на формата на големиот брат EV6. Предните светла и светлечката лента по целата ширина на опашот ќе укажуваат на марката на моделот, заедно со острите рабови на каросеријата.

Во поглед на димензиите, EV4 ќе се движи околу вредноста од 4,51 метри должина на новата Kia Sportage. Меѓу предностите на платформата E-GMP е рационалното искористување на просторот, а тоа значи дека во кабината може да се очекува простор како во модел од виша класа.

Погонската техника исто така ќе доаѓа од големиот брат. Заедничката платформа дозволува батеријата од EV6 да се вградува и во EV4. Батеријата со капацитет од 58 kWh ќе дозволи досег до околу 400 километри, во основната моделска изведба. Со поголемата батерија, со капацитет од 77,4 kWh, соодветно и досегот ќе се продолжи на повеќе од 500 километри.

Може да се очекува и изведба со погон на сите тркала, со електромотори напред и назад. Основниот модел би имал електромотор од 125 kW (170 КС), а врвната изведба, веројатно со ознака Kia EV4 GT, би располагала со 325 КС. За цената да биде достапна за поширок круг купувачи, веројатно и скапата, но и најнапредна 800-волтна архитектура од EV6 ќе се замени со 400-волтна мрежа.

Шпанската каратистка Сандра Санчез: „Мојата Kia EV6 е како авион“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Тешко да се одолее на чорапи во дезенот на седиштата на Opel Corsa

Тоа е револуцијата: Citroen Ami во Британија за 19,99 фунти месечно