за

Тоа е револуцијата: Citroen Ami во Британија за 19,99 фунти месечно

Британските возачки и возачи ќе можат електричниот Citroen Ami да го користат по цена од 19,99 фунти месечно, во период од две години.

Евтино, современо, чисто, комплетно онлајн. Тоа е Citroen Ami, што во Британија го чекаа да стартува со продажба 2.000 клиенти, кои го резервирале возилото.

Citroen Ami одамна е херој на автомобилската сцена. Со големото моделско име на француската марка, лесниот квадрицикл вози на струја, совршен е за град, неверојатно е достапен. Во Британија, возилото од денес може да се обезбеди на користење во времетраење од 24 месеци, по месечна рата од 19,99 фунти и со уплата од 2.369 фунти.

Во „наши пари“, тоа се 1.427,50 денари (според актуелниот курс на 14.06) месечно, односно 169.172,5 денари уплата на депозит. Тоа е подостапно отколку да се купи „лимузина“ од бугарски автоплац, па и месечниот трошок сосем извесно е понизок од вкупните трошоци за поправки на годишно ниво, на преискористените автомобили што го преплавија Балканот. Доколку корисникот по истекот на договорот на две години, реши да го задржи возилото, треба да доплати колку што е остаточната цена.

Клиентите што со време резервираа примерок и повратно уплатија 250 фунти, сега можат да ја потврдат нарачката. Возилата ќе бидат испорачани кон крајот на летото. Целата постапка се одвива онлајн. Тие што резервирале, ќе бидат контактирани од Ami Expert и ќе добијат податоци за логирање во системот. Потоа, се избира меѓу четири изведби: Ami, Ami Pop, Ami Vibe и товарно My Ami Cargo. Изборот на бои се сведува на портокалова, сина или сива.

Постапката завршува со тоа што се избира дали возилото ќе се преземе од дилер или со мала доплата ќе биде доставено на домашната адреса.

Моторот е со моќност од 6 kW, крајната брзина, според законите за оваа категорија возила,  ограничена е на 45 километри на час, а со батеријата од 5,5 kWh може да се вози до 75 километри. Полнењето може да се врши преку обичен домашен приклучок, буквално преку продолжен кабел, или со користење јавен полнач. Во вториот случај, батеријата се полни целосно за три часа.

Извадок од британскиот ценовник за Citroen Ami

Representative Example

AMI

On the Road Price

£7,695.00

23 Monthly Payments

£19.99

Customer Deposit

£2,369.45

Term of agreement

24 months

Total Amount of Credit

£5,325.55

Total Charge for Credit

£728.22

Optional Final Payment

£5,594.00

Total Amount Payable

£8,423.22

Fixed Rate of Interest (p.a.)

6.90%

Representative APR

6.9% APR

Excess Mileage Charge

4.8 pence per mile

Annual Mileage

5,000

Opel Rocks-e KARGO: Пица-достава на струја, тоа ни е многу познато

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака изгледа електричната Kia EV4 според магазинот Auto Bild

Кинеските автомобили со традиционалното британско име MG во Гранд Моторс