за

Кинеските автомобили со традиционалното британско име MG во Гранд Моторс

Компанијата Grand Automotive Adriatic го претстави амбициозниот план за продажба на марката MG Motor во трговскиот регион Адриа. До крајот на годината ќе се отворат 20 продажни и сервисни центри.

Во 2023 година, планот е бројот на продажни и сервисни центри да се зголеми на 40. Почетокот на продажбата на MG Motor за пазарите во Хрватска и Србија е планиран за 1-ви јули, а за пазарите во Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија се планира старт на 1-ви септември.

Според соопштението од компанијата, привлечната гама возила од марката MG Motor ќе ја збогати понудата во трговскиот регион Адриа, со модели како што се првото комби-возило со електричен погон MG 5, СУВ-моделот од Б-сегментот MG ZS во електрична и бензинска изведба, СУВ-моделот од Ц-сегментот MG EHS со приклучен хибриден погон и електричниот СУВ-модел MG Marvel R.

Понатаму во соопштението се наведува дека сите модели доаѓаат со гаранција од 7 години и 150.000 километри.

MG Motor е дел од кинеската корпорација SAIC, производството е во Кина и Тајланд.

MG има нов шеф и големи планови за Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тоа е револуцијата: Citroen Ami во Британија за 19,99 фунти месечно

Светот годинава обедини 90.000 дами и џентлмени на мотоцикли