Кога на македонските телевизиски канали се зборува за мотоцикли, а се зборува во најпозитивна смисла, темата со сигурност е Distinguished Gentleman’s Ride. Тоа што се случува во Скопје, во истиот стил се случува и ширум светот. Завршните податоци укажуваат на вистинската големина на овој настан.
Овогодишното Distinguished Gentleman’s Ride беше повеќе отколку враќање во стара форма. По две години пауза поради пандемијата, повеќе од 90.000 мотоциклистки и мотоциклисти, облечени во беспрекорен стил, се собраа да возат заеднички. Целта на возењето не е само да се облагородат улиците, на коишто вон настанот се случуваат само малку благородни нешта, туку целта е заеднички да се соберат донации и вниманието да се насочи кон истражувањето на рак на простата, како и кон психичкото здравје на мажите.
Кацигата полирана до висок сјај, јаката уштиркана, машната „on point“. Во пандемијата, две години беа дозволени само соло возења. Годинава на „Distinguished Gentleman’s Ride“ учествуваа рекорден број мотоциклистки и мотоциклисти. Во 802 градови во 104 држави, вклучувајќи ја секако и Македонија, вкупно се здружија собраа 93.463 учеснички и учесници.
Собирани во периодот меѓу 9-ти мај до 5-ти јуни, донациите надминаа шест милиони долари или околу 5,8 милиони евра, коишто се наменети за психичкото здравје на мажите и за борба против рак на простата. Врвот на акцијата секако е заедничкото возење, од коешто остануваат овековечени мошне моќни моменти.
Легендарната марка Triumph годинава даде дополнителен поттик за донации, со гитарите и со единствениот примерок од Triumph T 120 Bonneville, изработен во соработка со производителот на музички инструменти Gibson.
Организацијата на настанот во Македонија е дело на клубот Gentleman’s Crew Skopje, со претседател Игор Стефановски.