Opel Rocks-e KARGO: Пица-достава на струја, тоа ни е многу познато

Кој уште не знае за македонските пици што се доставуваат со електрични квадрицикли и за поштата што DHL ја носи до дома или канцеларија со фургони, што исто така возат 100% на струја. Opel Rocks-e Kargo е товарна изведба на еден од најрадикалните и најеуфорично пречекани електрмобили на денешницата.

Товарен простор со зафатнина од 400 литри, носивост до 140 килограми и преносна масичка, тоа е сé што му е потребно на Opel Rocks-e да стане „Карго“. Пакети, пица, лекови, електричното мини на концернот Stellantis носи сé до најтесната уличка во градот. Предноста наспроти доставата со велосипед или скутер е во тоа што товарот е заштитен од временски влијанија.

Димензиите на минијатурниот Opel се 2,41 x 1,39 x 1,52 метар (должина x ширина x висина). Со полна батерија се минуваат до 75 километри. Тоа е споредливо со димензиите на електричните квадрицикли што доставуваат џакомо-пица, но германскиот Rocks-e далеку е понапред во технолошки поглед.

https://photos.app.goo.gl/pDSRfLW7zAzyfdGAA

Онлајн-бизнисот и побарувачката за достава до куќниот праг бележат постојан и силен раст, така што Opel сигурно нема да чека за пазарот да созрее за неговиот електричен квадрицикл да го привлече вниманието на компаниите што вршат достава. Покрај тоа, во голем број европски градови е незамисливо да се пристапи во Центарот со возило со обичен мотор на бензин или дизел. Во тие зони на заштитена животна средина е дозволено да се врши достава само со електрични возила.

Кругот на вртење е со пречник од 7,2 метри. За ориентација, ширината на една сообраќајна лента на „Партизанска“ е 3,5 метри.

https://photos.app.goo.gl/JZR3QfzgSRYPy3ku5

За Rocks-e да стане Kargo е применето наједноставното решение. На местото на совозачкото седиште се наоѓа приспособлив товарен модул. Меѓу возачот и товарниот простор се наоѓа преграда. До товарот може да се пристапи и преку совозачката врата – што „нормално“ дека се отвора спротивно од возачката врата – и од возачкото седиште. За последново, потребно е да се преклопи своевидниот прозорец во преградата. За поголеми и повисоки предмети, преградата може да се постави и зад возачкото седиште. Предметите може да бидат долги до 1,2 метар.

https://photos.app.goo.gl/2BFzZiAYFT8QoMAP8

Погонот е работа на електромотор со максимална моќност од 12 КС (трајна 8 КС). Брзината е до 45 km/h. За полнење на батеријата од 5,5 kWh, потребни се 4 часови, на обичен ѕиден приклучок. Со адаптер може да се користат и јавните полначи.

Риселсхајм веќе прима нарачки за електричното мини за достава, цените и условите за нарачка ќе бидат објавени подоцна.

https://photos.app.goo.gl/N3BzgsRkSxn2ecVn6

https://photos.app.goo.gl/dfupnyDYy2UxvPKSA

https://youtu.be/U1reqU_45NA

Сите модели на Opel што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=mercedes-benz

Пица Џакомо пристига со „умами“ на чист електричен погон

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Претходна објаваГерманија: Традиционален маратон на полициски радари
Следна објаваБугарските автомобили загадуваат најмногу, норвешките најмалку

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here