за

Германија: Традиционален маратон на полициски радари

Германија обично се цени како земја во којашто се вози многу брзо, но во реалноста, првенствено се вози многу дисциплинирано. За тоа придонесува и „блицер-маратонот“.

Познавачите на германските прилики сигурно знаат за маратонската акција во којашто полицијата врши радарски контроли масовно по целата територија на земјата. Пандемијата ја прекина оваа традиција, но не за предолго.

На 24-ти и на 25-ти мај, Германија продолжува со уште една традиција, со блицер-маратонот. Настанот што има голема важност за подобрувањето на безбедноста, се организира еднаш годишно од страна на европската полициска мрежа Roadpol (European Roads Policing Network). Во 2019 година, учествуваа 26 европски држави, меѓутоа Германија дава посебно значење на овој своевиден проект.

Во рамки на блицер-маратонот, познат и како спид-маратон, полицијата во период од 24 часови врши зајакната контрола на почитувањето на доволените брзини во патниот сообраќај. Целта е учесниците во сообраќајот да станат свесни за опасностите од пребрзото возење. Во случај на пребрзо возење, полициските службеници одредуваат опомена или парична казна, во зависност од тежината на прекршокот.

Само во Баварија ќе се контролира брзината на 2.100 локации, учествуваат повеќе од 1.800 полициски службеници 

Додека политиката цени дека блицер-маратонот е сообраќајно воспитна мерка за смалување на бројот на загинати во сообраќајот, критичарите негодуваат дека целта е само да се наполнат касите. За да се исклучи тој аргуимент, местата на коишто ќе се мери брзината претходно се објавуваат во јавноста. Полициските службеници разговараат со возачките и возачите, за да им ја објаснат целта на маратонот.

Властите на 16-те сојузни покраини во Германија имаат слободен избор, дали одделните покраини ќе учествуваат. Засега е потврдено дека блицер-маратонот ќе се одржува во Баварија. Во овој масивен полициски и општо организациски потфат, годинава само во Баварија ќе учествуваат 1.800 полициски службеници и 50 вработени во комуналниот надзор на сообраќајот. Мерни апарати ќе бидат поставени на повеќе од 2.100 локации.

Вкупно пет сојузни покраини ќе учествуваат во маратонот во 2022: Баварија, Баден Виртемберг, Бранденбург, Хесен, Мекленбург Форпомерн.

Висината на паричните казни при брзинско пречекорување во Германија, за патнички автомобил, во град (казните се зголемени од крајот на минатата година, наведени се старите и тековните казни):

10 km/h пребрзо: 30 место 15 евра

11 km/h – 15 km/h пребрзо: 50 место 25 евра

16 km/h – 20 km/h пребрзо: 70 место 35 евра

21 km/h – 25 km/h пребрзо: 115 место 80 евра

26 km/h – 30 km/h пребрзо: 180 место 100 евра

31 km/h – 40 km/h пребрзо: 260 место 160 евра

41 km/h – 50 km/h пребрзо: 400 место 200 евра

повеќе од 70 km/h над дозволената брзина: 800 место 680 евра

Германски хумор:

Полицаецот: 120 евра и 3 бодови

Возачот: Што да правам со бодовите?

Полицаецот: Уште два бода и ќе си купиш велосипед.

Маратонот се одржува по деветти пат. Во минатата година учествуваа 16 европски држави во 24-часовниот настан. Вкупно 12.418 полицајци контролираа 2.003.801 возачи, на 7.971 локации. Утврдени се 136.337 прекршоци. 90.682 биле запрени заради изречување казна, додека 45.655 возачи добиле казна по пошт, заради технички неправилности. На неколку возачи им била одземена дозволата поради пребрзо возење. Индексот на прекршоци изнесува 6.8%. Рекордната брзина измерена на радар во 2021 година била 262 km/h, во Белгија. Возачот управувал возило со 142 km/h над дозволената брзина.

Пешаците не ги сакаме, најдобро е сите да одат со автомобил?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota GR86 во реклама: Мол е одлично место за дрифт

Opel Rocks-e KARGO: Пица-достава на струја, тоа ни е многу познато