за

Русија вложува во фабрики за делови за автомобили

Руската влада издвои 30 милијарди рубљи, близу половина милијарда евра, за заживување на сопственото производство на делови за автомобили.

Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов најави дека годинава од буџетот ќе бидат издвоени 30 милијарди рубљи, за компонентите што се потребни за вградување во автомобилските фабрики да се произведуваат во земјата. На тој начин ќе се надомести за прекинатиот увоз на компоненти од добавувачите на автомобилската индустрија.

Најголемиот производител на автомобили во земјата, АвтоВАЗ, од 8-ми јуни повторно го произведува бестселерот Лада Гранта. Производството мируваше од март, откако престана испораката на електронски делови, поради санкциите од Западот кон Москва.

Русија исто така ќе ја врати на пазарот поранешната марка од советското време, Москвич. Последните примероци под оваа марка беа произведени пред две децении. Новите модели на Москвич ќе се произведуваат во поранешната фабрика на Рено во Москва. Францускиот производител неодамна замина од земјата.

Автомобилската индустрија е под силен удар, откако голем број странски добавувачи ја прекинаа испораката на компоненти. Борисов изјави дека потребните средства ќе бидат префрлени во рускиот фонд за индустриски развој. Од почетокот на годината, во фондот се доспеани 71 милијарди рубљи.

Поради вонредните услови, законските еколошки норми ќе се спуштат до ниво Еуро 0. Според Борисов, „тоа е привремено решение, за да се обезбеди работата на компаниите“.

Производството на патнички автомобили во Русија во март годинава колабираше за 71,1 проценти, на помалку од 41 илјади автомобили и 14 илјади камиони (-19,8%). Вкупно во првиот квартал, во Русија беа произведени 244 илјади патнички автомобили (-33,2%) и 40,3 илјади камиони (+5,3%).

Москвич во замена за Рено: По заминувањето на Французите од Русија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прашајте го бензаџијата, дали народот помалку троши гориво

Тешко да се одолее на чорапи во дезенот на седиштата на Opel Corsa