Москвич во замена за Рено: По заминувањето на Французите од Русија

По воведувањето на санкциите од Западот, бројни компании се повлекоа од Русија. Така постапи и францускиот производител на автомобили Renault. Фабриките мируваат, а производството не може да продолжи без поддршката од Renault.

Renault уште пред извесно време го најави своето заминување од Русија. Во меѓувреме, Кремљ има начин како да го надмине проблемот: Фабриката на Renault во Москва преоѓа во државна сопственост и државата ќе раководи со неа. Според Французите, продажбата на нивниот удел на градот Москва е „неминовно решение“.

Извршниот директор Лука де Мео изјави: „Денес донесовме тешко, но неминовно решение и направивме избор со одговорност за нашите 45.000 соработници во Русија.“ Во рамките на заедничката инвестиција со градот Москва, Renault во 2005 година започна со производство на автомобили во Русија.

Во изјава за The Moscow Times, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин наведува дека решил „фабриката да се класифицира како сопственост на градот и производството да продолжи под историската марка Москвич“. Во 2022 година започнува новата страница во историјата на Москвич. Голем дел од вработените и добавувачите на фабриката на Renault ќе го задржат работното место.

https://twitter.com/bigrussianshop/status/1526310066240077824?s=20&t=3cXmlCneUT4iWXGOEz3-sA

Проблемот е во тоа што Москвич денес е само име на автомобилска марка со долга градиција и не е постоечки производител на автомобили. Последниот автомобил беше произведен во 2001 година, а ликвидацијата на фирмата следеше во 2006 година. Возилата на Москвич се произведуваа масовно 75 години и ставаа главен печат во уличната слика во поранешниот Советски Сојуз.

Голема неизвесност е како повторно ќе заживее производството на автомобили во Москва. Бројни домашни добавувачи испорачуваа компоненти за производството на возилата на Renault, но голем дел од компонентите пристигаше однадвор, преку мрежата на францускиот производител. Претпоставка е дека нов партнер на Русите ќе биде некој од моќните автомобилски концерни од Кина.

Renault ги продава акциите во АвтоВАЗ, новиот сопственик презема за 1 рубља

Претходна објаваKia ќе произведува посебни модели за такси-компании
Следна објаваТест · Opel Grandland 1.2 DI Turbo GS Line Automatic

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here