Daimler AG се преименува во Mercedes-Benz Group AG

Историски моменти на вонредното собрание на акционерите во Daimler AG. Камионскиот огранок се одвојува и пред завршетокот на годината ќе стартува на берзата како Daimler Truck Holding AG. Исто така е одлучено Daimler AG од 1-ви февруари 2022 година да се преименува во Mercedes-Benz Group AG.

Акционерките и акционерите во Daimler AG на виртуелното вонредно собрание што се одржа во петокот (1-ви октомври) дадоа мнозинска поддршка за историските промени што следат во концернот. За камионскиот и автобускиот бизнис да се одвојат како независна компанија Daimler Truck Holding AG и нејзините акции да котираат на франкфуртската берза, позитивно одговорија акционери што застапуваат вкупно 99,90 проценти од основниот капитал.

Со истото мнозинство беше изгласано и Daimler AG од 1-ви февруари 2022 година да се преименува во Mercedes-Benz Group AG. Со новото име се нагласува идното посветување на концернот на патничките автомобили и на вановите од марките Mercedes-Benz, Mercedes-AMG, Mercedes-Maybach и Mercedes-EQ.

Виртуелното вонредно засегание на акционерите на интернет го следале околу 3.000 лица. Тие застапувале 56,45 проценти од основниот капитал на Daimler AG.

Идната независна компанија Daimler Truck вработува околу 100.000 лица на повеќе од 35 главни локации. Mercedes-Benz Group AG моментно располага со 170.000 вработени на 35 производствени локации на четири континенти.

>>> Само електрични камиони од фабриката на Mercedes во Верт

Mercedes стартува со електричен eActros во серија во 2021

Претходна објаваМузејот на Mercedes-Benz летоска бил домаќин на 100 концерти
Следна објаваKia Sportage најпродаван автомобил во Македонија во август

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here