за

Kia Sportage најпродаван автомобил во Македонија во август

Во август на македонскиот пазар биле продадени 365 нови патнички и доставни автомобили. По кусата пауза во јули, Kia Sportage повторно е на врвот.

Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти

Македонските возачки и возачи дефинитивно го обожуваат овој модел. Откако во јули недостигаше меѓу 10-те најпродавани модели, Kia Sportage во август се катапултираше директно на првото место, со 23 продадени примероци.

Во Македонија во август се продадени вкупно 365 нови возила од лесна категорија, од коишто 281 се патнички автомобили, а останатите 84 се доставни возила. Најпродаван модел е Kia Sportage со 23 примероци, пред Citroen C3 со 18 и Toyota Corolla со само еден продаден примерок помалку.

Меѓу марките, најуспешна во летниот месец била Toyota, со 57 возила. Втора е Kia со 33 возила, на третото место е Skoda со 19 продадени возила, а исто толку има продадено и Hyundai. Станува збор за неофицијални податоци што се земаат со голема резерва, имајќи предвид дека неколку увозници на нови автомобили не ја соопштуваат продажбата од различни причини. Објавените податоци се добиени преку регионални канали, затоа во Македонија и натаму не постои официјална статистика на продажба, што инаку претставува моќна алатка за менаџментот на автомобилските марки.

Во споредба со август лани, продажбата годинава паднала за 11,4 проценти. Вкупно во првите осум месеци од годината, пазарот сепак бележи раст и со 3.650 возила е за 13,2 проценти над резултатот од истиот период лани.

Три модели на Toyota во Топ 5

Citroen C3 води во вкупната продажба годинава, со 185 примероци, а најмалку е изненадување тоа што Kia Sportage следи веднаш потоа, со 150 примероци до август. СУВ-бетселерот на Kia годинава беше на врвот на продажбата во март. Toyota Corolla е за 70% над резултатот од август лани, а во чекор ја следат уште два модела на јапонската марка: Aygo и новиот Yaris на четвртото и петтото место.

Одлично напредувале и Mitsubishi Space Star, Renault Captur, Toyota RAV4 и VW Caddy, кои во август повторно се пласирале во македонскиот Топ 10.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот Kia Sportage е најпродаван автомобил во Кореја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Daimler AG се преименува во Mercedes-Benz Group AG

Само еден од десет продадени автомобили во Норвешка не е електричен