Реакцијата на домашниот пазар на Kia за новата генерација на Sportage може да послужи како добра најава за тоа што ќе следи откако новиот модел ќе стартува и во Европа кон крајот на годината.
Во Јужна Кореја во минатиоот месец биле продадени вкупно 128.363 возила или за -2,7% помалку од истиот месец лани. Вкупно годинава во земјата се продадени 1.178.125 возила, што е пад од -3,4% во споредба со истиот период лани. Пазарот речиси целосно им припаѓа на домашните марки Kia, Hyundai & Co. Наспроти 106.247 возила од домашните марки (-3.4%), странските производители во август пласирале 22.116 (+1,0%).
Во конкуренција на марки, повторно е прв Hyundai (-6.5%), откако во минатиот месец првпат во историјата беше престигнат од Kia на домашниот пазар. Голема е веројатноста дека Kia наскоро ќе се врати на врвот – колку што продажбата на Hyundai е во минус, толку продажбата на Kia е во плус (+6.7%).
Двете марки држат приближно по една третина од корејскиот пазар (31.9% Kia, 33.3% Hyundai). Третoто место му припаѓа на Genesis, а веднаш потоа пристигаат двете германски премиум марки, Mercedes (+11.7%) и BMW (-28.1%). Од петтото до десеттото место следат Ssangyong (-28.1%), GM Korea (-19.5%), Renault Samsung (-24.6%), Audi (-33.7%) и Volvo (+242.9%). Калифорнискиот електро-специјалист Tesla не доставува бројки од продажбата до надлежните институции, меѓутоа според податоците од компанијата, во август се продадени 2.430 возила, што значи дека на Tesla практично ѝ припаѓа деветтото место меѓу најпродаваните марки во Кореја.
Kia Sportage напредуваше цели 19 места во август
Најпродавано возило е камионетот Hyundai Porter (+4.3%), но од патничките возила е прв Kia Sportage со повеќе од трикратно зголемување на продажбата (+346.4%) и со скок од 19 места во споредба со јули. Едно место подолу следи уште еден модел на марката, Kia Carnival (-0.2%), пред Hyundai Sonata (+2%), Hyundai Avante (-23.2%) и Kia K5 (+10.8%).
Hyundai Tucson исто напредува (+129.6%), но со далеку послаб интензитет од Kia Sportage и се наоѓа на деветтото место. Во продолжение графиконите за продажбата.
https://photos.app.goo.gl/HLL41Kf12bhZNKrY7
https://photos.app.goo.gl/Rz3rFMDALM19hxy17
Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

















