Многу работи се случуваа од средината на јуни до крајот на септември на отворената бина пред музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт.
Уметници, театри, клубови, здруженија, во изминатите три и пол месеци го искористија атративниот простор пред музејот под знакот на сребрената ѕвезда. Германците го организираа сето тоа почитувајќи ги беспрекорно прописите за заштита од пандемијата.
Менаџментот ја водеше целата сезона на манифестации под името „Stadtkultur am Mercedes-Benz Museum“ (градска култура во музејот на Mercedes-Benz). Сите се задоволни од тоа што се случуваше на оваа локација, па веќе е потврдено дека културниот серијал ќе се одржува и в година.
Едно од главните обележја во градот, во музејот се одржуваа и редовните манифестации, како концертно лето, кино на отворено, и секако, средби на сопственици и љубители на јанг- и олдтајмери.
Меѓу другото, пред музејот се навиваше и за националниот тим на европското првенство во фудбал:
https://photos.app.goo.gl/vAuHymqtK3mCUSkY6
https://photos.app.goo.gl/RrHiAdugXaKFfiwCA
https://photos.app.goo.gl/oJwqXRwkphkZA8sdA
https://photos.app.goo.gl/cfByAhoEidxnMZ6W7
Славче Таневски: „Убавината на мојата работа е што можам да ги менувам световите во кои се наоѓам“

















