Алберт Бирман, таткото на Kia EV6: „Времето никого не чека“

Алберт Бирман е име за коешто автомобилскиот свет дозна нашироко дури по неговото преоѓање во Kia, како главен инженер за тестирање возила и развој на модели со спортски перформанси. Така беше создаден Kia Stinger. Германскиот инженер ги вгради во оваа гран-туризмо лимузина своите искуства од долгогодишната работа во BMW. Во меѓувреме, Бирман работи на сосем друг фронт, на брзи и способни електрични автомобили, како Kia EV6.

Kia во март го претстави електричниот кросовер EV6, како прв модел под новото лого на корејскиот производител, но уште поважно, како модел што со својата техологија веднаш изби во самиот светски врв во електричниот погон. EV6 е воедно и првиот електричен модел на Kia што е изработен на посебна платформа, наменета само за возила со електричен погон. Останатите електро-модели, Niro, Soul & Co, ја делат платформата со моделски изведби со хибриден или класичен погон.

Бројките зад Kia EV6 се вредни за почит. Досегот во врвната изведба изнесува 528 километри, а спринтот до темпо сто трае 3,5 секунди во GT-изведбата. Моќни перформанси во спој со напреден дизајн од утрешнината се пакет што излегува во пресрет на барањата и потребите на широк круг купувачи.

Kia објави видео во коешто главните техничари и дизајнери зборуваат за електричниот EV6. Во продолжение следат неколку извадоци од интервјуто на Алберт Бирман, претседател и директор на тестирање на возила и развој на модели со високи перформанси во Kia.

Голем предизвик е да се создаде нешто сосем ново, што надминува сé претходно. На што се посветивте најмногу при создавањето на новиот EV6?

· Една од главните цени при развојот на EV6 беше да се надминат вообичаените „болни точки“ на возењето електричен автомобил… Полнењето. Времето никого не чека и ние сакавме нашите автомобили да полнат брзо. Тоа е една од причините зошто го конструиравме EV6 на оптимизирана платформа, каква што е E-GMP (Electric-Global Modular Platform).

Брзината на полнење и компатибилноста со полначите честопати се спротивставуваат меѓусебно. Во кој правец се концентриравте за EV6?

· За среќа, можевме да се посветиме на двете работи. Во поглед на брзината на полнење, EV6 може да наполни од 10% до 80% за само 18 минути. Тоа е огромна заштеда во време во споредба со тоа што го нудат останатите електрични возила. Уште подобро, супербрзото полнење ќе се задржи без разлика на временските услови, и при мраз и при жега.

Брзото полнење е постигнато благодарение на тоа што EV6 е констурирана за 800-волтна мрежа од полначи. Повеќето полначи работат на 400V. За среќа, мулти-системот за полнење прави EV6 да биде компатибилна и за системот за брзо полнење со 800V и за вообичаениот систем за полнење со 400V. Дури нема ниту потреба да се користат адаптери. Брзина и компатибилност, сê во еден прекрасен пакет.

Зошто EV6 постигнува толку моќни перформанси, особено во споредба со возилата со мотор со внатрешно согорување?

· EV6 е електричен спидстер. Како резултат од тоа, тој може да постигне навистина моќно забрзување. Од сите верзии на EV6, верзијата EV6 GT е глазура на тортата – таа нуди најмоќни динамични перформанси, благодарение на тоа што располага со највисока моќност. Забрзувањето од нула до 100 km/h трае 3,5 секунди, а крајната брзина изнесува 260 km/h. Згора на тоа, режимот за дрифт е стандард во EV6, за уште поголема возбуда во возењето.

>>> Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил

kia ev6

Претходна објаваBMW изработува мини-серија од M4 со специјален лак
Следна објаваМузејот на Mercedes-Benz летоска бил домаќин на 100 концерти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here