за

Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил

EV6 ја претставува новата стратегија на марката Kia и прв модел е што ја користи новата платформа за електрични автомобили на групацијата. Има широк избор од варијанти, топ-изведбата минува до 510 километри со полна батерија.

Електричниот погон не е новина за Kia, марката веќе втора генерација го нуди кросоверот Soul со погон на струја, исто како и Niro. Разликата меѓу овие два модели и новата Kia EV6 е во тоа што таа користи посебна платформа, развиена само за неа. Тоа носи бројни предности, EV6 моментно е меѓу најнапредните модели со електричен погон.

Денес е историски ден за Kia, премиерно е прикажан EV6. Кога почнуваше развојот на моделот пред многу години, сигурно било замислено новиот електричен кросовер да биде претставен пред светот во најспектакуларниот манир. Но, самиот автомобил е спектакл, не му треба „помош“ од гласни најави од бина и парадирање на вртлива платформа под силни рефлектори.

Kia EV6 е кросовер со електричен погон, со комплетно нова и засебна платформа што понатаму ќе се користи и за идните модели со погон на струја на марката. Посебностите на новиот дизајн наречен „Opposites United“ ги објавивме претходно, во „дизајнерската премиера“ на моделот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Клучната предност на EV6 е во тоа што техниката подржува користење полначи од 800 волти. При користење таков полнач, батеријата на Kia се полни од 10 до 80% за само 18 минути. Најсилната изведба – GT, спринтува за 3,5 секунди до темпо сто, крајната брзина изнесува 260 km/h.

Тоа го овозможува новата платформа E-GMP (Electric-Global Modular Platform). Со премиерата на EV6 започнува помасивно преоѓање на Kia во електромобилноста. До 2030 година, четириесет проценти од вкупната продажба на Kia ќе ја сочинуваат електрични и хибридни автомобили. Вкупно 1,6 милион возила. Повеќе од половина од оваа бројка (880k) се очекува да ја постигнат чисто електричните модели. Целта е јасна, Kia планира да стане светски лидер во електромобилноста. Во 2026 година, во салон на Kia ќе бидат изложени 11 модели со погон самона струја. Седум од нив ќе бидат на новата платформа E-GMP, четири ќе бидат варијанти на постоечките модели.

Производството на Kia EV6 ќе се одвива во Јужна Кореја, продажбата ќе стартува во втората половина на годината, прво на најважните пазари за електромобилноста во светот

Електричниот погон е компантен и флексибилен, односно овозможува многу попросторна кабина во споредба со автомобил со иста должина, но со обичен погон. При должина од 4,68 метри, меѓуоскиното растојание изнесува 2,9 метри – тоа е споредливо со СУВ-модели од средна класа. Во Kia ценат дека токму просторноста што ја нуди кабината посебно ќе ги одушевува клиентите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Другите посебности во кокпитот се заоблениот дисплеј, седиштата со модерна и „лесна“ форма, како и новиот вид материјал за нив, изработен од рециклирана пластика. Конкретно, материјалот што е искористен за седиштата одговара на 111 пластични шишиња.

Багажникот стандардно располага со 520 литри, со соборување на клупата се добиваат 1.300 литри. Напред има дополнителен багажник од 52 литри, односно 20 литри во моделите со погон на сите тркала.

Во поглед на најважното, во погонот, Kia нуди две варијанти на батерија, едната со капацитет од 77,4 kWh, другата со 58,0 kWh. Покрај основната изведба, се нудат уште EV6 GT-line и EV6 GT. Првпат електричен модел на Kia ќе биде достапен во изведба со погон на две или на сите тркала.

Изведбата со погон 2WD и батерија од 77,4 kWh постигнува досег до 510 километри. Со вртежен момент од 605 Nm во верзијата со погон AWD, кросоверот забрзува од место до 100 km/h за само 5,2 секунди. Батеријата од 77,4 kWh испорачува моќност до електромотор од 168 kW (229 КС) назад. Во верзиите со погон AWD, електромотор од 239 kW (325 КС) испорачува моќност до предните и задните тркала.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Верзијата со батерија од 58,0 kWh спринтува до сто за 6,2 секунди. Електромоторот на задната оска испорачува 125 kW (170 КС). Во верзијата со погон на сите тркала, електромоторот располага со 173 kW (235 КС).

Друга приказна е моделската изведба EV6 GT, каде што работат два електромотори со моќност од 430 kW, односно 585 КС. Со максимален вртежен момент од 740 Nm, оваа изведба спринтува за само 3,5 секунди до темпо сто, крајната брзина е 260 km/h.

Наполнетост од 80% за само 18 минути, нова можност за енергијата во батеријата да се користи за напојување надворешни потрошувачи

EV6 користи архитектура за полнење од 800V и 400V, без потреба од користење адаптер. Во двата случаи, полнењето од 10 до 80% трае 18 минути, секако при користење посебно брзи полначи. Верзијата со 2WD и батерија од 77,4 kWh полни енергија за 100 километри пат за помалку од пет минути.

New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Новина кај Kia EV6 е постоењето на таканаречена интегрирана контролна единица за полнење (Integrated Charging Control Unit ICCU. Таа овозможува надворешни потрошувачи да се приклучат на електричното возило (Функција vehicle-to-load, V2L). Како ориентација, телевизор од 55 инчи и клима уред може да се напојуваат подолго од 24 часови со енергијата во батеријата на EV6. Секако дека и друг автомобил може да се приклучи за да поднаполни батерија. Доколку батеријата е полна над 35%, кросоверот може да влече приколка до 1.600 kg.

Технички податоци · Kia EV6

Dimensions
(Europe model) EV6 EV6 GT-line EV6 GT
Wheelbase 2,900 mm 2,900 mm 2,900 mm
Length 4,680 mm 4,695 mm 4,695 mm
Width 1,880 mm 1,890 mm 1,890 mm
Height 1,550 mm 1,550 mm 1,545 mm
Cargo
Boot/trunk space

*EV6 / EV6 GT-line

520 L

1300 L (*when second-row seats are fully folded)

Front trunk Non-NA model: 52 L (2WD) or 20 L (AWD)

*North America model: 20 L (both AWD & 2WD)

Performance
Platform Electric-Global Modular Platform
EV6

EV6

GT-line

Long Range

77.4-kWh Battery

AWD Power 239-kW (Front & Rear combined)
Torque 605-Nm (Front & Rear combined)
2WD Power 168-kW Rear
Torque 350-Nm Rear
Standard Range

58.0-kWh Battery

AWD Power 173 kW (Front & Rear combined)
Torque 605 Nm (Front & Rear combined)
2WD Power 125 kW Rear
Torque 350 Nm Rear
EV6

GT

Long Range

77.4-kWh Battery

AWD Power 430 Kw (Front & Rear combined)
Torque 740 Nm (Front & Rear combined)
Features
Supported Charging Infrastructure 400 V and 800 V (No need for additional adapters)
Ultra-fast Charging (800V) 10 % to 80 % in 18 minutes of charge

100 km of range (WLTP) in 4.5 minutes of charge

>>> Kia EV6 со врвна слика, без тон – вози на струја

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQS во бројки: 350 сензори, милион пиксели, 600 грами јаглен, 150 фудбалски полиња

Синтетски горива за тркачките автомобили на Porsche во суперкупот