за

Mercedes EQS во бројки: 350 сензори, милион пиксели, 600 грами јаглен, 150 фудбалски полиња

Mercedes уште сега почнува да го открива електричниот EQS, уште долго пред премиерата, затоа што има многу за откривање. Неколку бројки за одушевување и чудење.

Електричната лимузина во највисоката класа што ја нуди и самиот Mercedes, ќе се разликува драстично во многу работи, не само во електричниот погон. EQS меѓу другото има дисплеј долг 141 сантиметри по целиот кокпит. Но, и тоа не е единствената разлика.

Главeн поим во внатрешноста на новиот Mercedes EQS е таканаречениот MBUX Hyperscreen. Повеќе дисплеи се споени меѓусебно без тоа да биде видливо, создавајќи заоблено „стакло“ што од еден до друг крај е широко 141 сантиметри. Површината на овој дисплеј изнесува 2.432,11 сантиметри кубни.

Големото покривно стакло на MBUX Hyperscreen се свива тридимензионално во mold-постапка при температури од ca. 650°C. Овој процес овозможува дисплејот да биде видлив без изобличувања од кое било место во возилото.

Зависно од опремата, функциите на EQS и на случувањата околу возилото ќе бидат надгледувани од максимално 350 сензори. Антените не се опфатени во овој број. Сензорите меу другото ги мерат растојанијата, брзините и забрзувањата, светлината, дождот и температурите, зафатеноста на седиштата, па дури и очните капаци на возачот или говорот што го користат патниците.

Може да се доплати за вештачки звук при возењето, кој е интерактивен и реагира зависно од цела низа најразлични параметри, како што е положбата на педалата за „гас“, брзината или рекуперацијата (повраток на енергија при сопирање).

Mercedes EQS е автомобил што има парфем дизајниран точнмо за него. Името на парфемот е No.6 MOOD Linen. Бројот 6 се однесува на 1906 година, кога Mercedes првпат нуди електрични автомобили во својата моделска гама – тоа се моделите Mercédès Electrique.

Повеќе од 40 иновации го најдоа својот пат до EQS. Покрај тоа, 20 патенти го штитат од копирање необичниот дизајн на електричната луксузна лимузина.

За пристап до најважните функции на MBUX, корисникот мора да влезе во 0 ниво на мени. Поради тоа, овој пристап се нарекува Zero Layer.

Површината на приказот на големиот проекциски дисплеј (Head-up-Display) што се нуди како опција, одговара на монитор со дијагонала од 77 инчи (196 сантиметри). Прикажаната слика се состои од матрица со висока резолуција, со 1,3 милион точки.

Mercedes-Benz Pattern“ се користи на повеќе места во EQS. Во надворешноста, тоа се однесува на посебната изведба на Black Panel-носот или на посебниот изглед на тркалата. Во внатрешноста, Mercedes-Benz Pattern е присутен во украсните делови со заднинско осветлување и со ласерски рез, како и на дисплејот пред совозачот, во форма на дигитална украсна слика. Под „pattern“ се мисли на апстрактна, тридимензионална мустра соѕвезди, којашто личи на стар знак на Daimler Motorengesellschaft (DMG), регистриран на 9-ти февруари 1911 година.

HEPA-филтерот (High Efficiency Particulate Air) е составен дел од дополнителната опрема ENERGIZING AIR CONTROL Plus. Со зафатнина од 9,82 дециметри кубни, значи коцка со должина на страна од близу 10 сантиметри, филтерот пречистува најефикасно што може. Се задржуваат над 99,65 проценти од честички од секаква големина. За да се поништат миризбите, се користат околу 600 грами активен јаглен. Површината на апсорбирање одговара приближно на 150 фудбалски полиња.

За при допирање на дисплејот да се почувствува повратна вибрација од истиот, се користат вкупно 12 активатори под површината на MBUX Hyperscreen.

Звучниот систем Burmester Surround содржи 15 звучници со вкупна моќност од 710 вати и произведува необично јасен и природен звук – специјалистот Burmester го нарекува тоа „Wohlfühlklang“ односно звук за добро чувство.

Посебен слој врз покривното стакло го олеснува чистењето на MBUX Hyperscreen. Стаклото се состои од алуминиумски силикат што е исклучително отпорен на гребаници.

EQS е прв сериски автомобил со вредност cw 0,20. Тоа е доказ за ефикасноста на таканаречениот Purpose-Design, наменски дизајн.

8 CPU-јадра, 24 Gigabyte RAM и 46,4 GB по секунда RAM-мемориски опсег се клучните технички податоци за MBUX.

Осветленоста на MBUX Hyperscreen се приспособува на средината преку користење на мерните податоци од 1 мултифункциска камера и дополнително од 1 сензор за светлина.

Совозачот може да избира меѓу седум различни профили на прикажување на MBUX Hyperscreen пред себе.

Hey Mercedes“ разбира 27 јазици преку Natural Language Understanding (NLU).

>>> Mercedes со нови фотографии од внатрешноста на електричниот EQS

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris Cross е новиот конкурент на Peugeot 2008

Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил