за

Синтетски горива за тркачките автомобили на Porsche во суперкупот

Porsche во соработка со Esso испробува тркачки горива од обновливи извори во моторите со врвни перформанси во Porsche Mobil 1 Supercup.

Новата генерација е-горива се одликува со намалена емисија на СО2, а најголемата сензација е во тоа што eFuels се произведуваат од водород и од СО2 од атмосферата. Соработката меѓу Porsche и Esso трае 25 години.

ExxonMobil и Porsche договорија развој и примена на горива од обновливи избори во Porsche Mobil 1 Supercup. Сите тркачки автомобили 911 GT3 во купот на Porsche од оваа сезона ќе користат тркачко гориво изработено од ExxonMobil, коешто во најголемиот дел е од био-потекло. Од 2022 година ќе се користат уште понапредни горива, имено eFuels што се произведуваат од водород и од СО2 од атмосферата. Целта е горивата да се докажат во најтешки услови на експлоатација. Искуствата ќе служат и за натамошно успвршување и развој на погонски горива.

Првиот тест на горивото Esso Renewable Racing Fuel на трка се одржа денес во Зандворт, Холандија. Првата верзија на ова напредно биогориво е изработено од органски отпадоци. Намерата е преку идното помасовно користење на овој вид горива да се придонесе за намалување на емисијата на СО2 од сообраќајот.

Овие синтетски горива во следната генерација ќе се произведуваат од водород и од јаглеродниот диоксид од воздухот со помош на обновлива енергија. Со Esso Renewable Racing Fuel може да се постигне намалување на емисијата на СО2 до 85 проценти.

Електричните возила остануваат главен интерес на Porsche, меѓутоа со примената на синтетски горива се овозможува традицијата на моќни боксер мотори од Цуфенхаузен да продолжи и во иднина, во согласност со строгите лимити што ЕУ ги поставува за емисијата на СО2 и во иднина ќе ги заострува уште повеќе.

Синтетските eFuels се набавуваат од пробната фабрика во Хару Они, во Чиле. За добивањето чист водород се користи електрична енергија произведена од енергиајта на ветерот и водата, којшто понатаму се соединува со СО2 од воздухот и се добива метанол. Клучната технологија на ExxonMobil е во таканаречената синтеза од метанол во бензин (Methanol-to-gasoline-Synthese).

В година се планира во Чиле да се произведат повеќе од 130.000 литри eFuel. Освен во Porsche Mobil 1 Supercup 2022, спортската марка ќе го користи горивото и на сопствените тркачки патеки.

>>> Научници произведоа гориво од СО2, вода и еко-струја

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia EV6 за пет минути полни струја за 100 km: Сите детали за новиот електромобил

Еуроимпекс првпат со кампања за Opel: Гром понуда за Corsa