Пристапот на Еуроимпекс кон домашниот автомобилски пазар е познат близу три децении преку марката Peugeot, новина oд компанијата е увозот и дистрибуцијата на марката Opel. Првата кампања важи за Opel Corsa и се рекламира како „гром понуда.“
Првата кампања за Opel по преоѓањето на увозот и дистрибуцијата на марката во Еуроимпекс порачува: Opel Corsa – го гром понуда! Кампањата се однесува на моделската изведба на Opel Corsa со 1,2-литарски бензински мотор со 75 КС и со ниво на опременост Edition, по цена од 12.990 евра.
Понудата од погонски единици во гамата на моделот опфаќа дизел и бензински мотори, како и чист електричен погон за прв пат. Според соопштението, германскиот градски автомобил нуди забавно возење, со „напредни мотори, ниска позиција за седење и спортско ракување“. Останатите предности што ги посочуваат од Еуроимпекс се ниската потрошувачка на гориво и големата подвижност.
Дилерската мрежа ја сочинуваат „Аутомакедонија“ во Скопје, „Ауто Цем“ во Тетово и „Еуроимпекс“, како генерален увозник за Opel во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
Уште неколку ударни пораки се „Да, забавно е да се зборува за овој модел. Но, уште позабавно е да се вози!“ и „Без разлика што ќе одберете, Corsa секогаш нуди динамично, непречено, економично и ефикасно возење.“
Пробно возење може да се закаже на https://www.opel.mk/tools/opel-baranje-za-test-vozenje.html
Opel Corsa оствари светска премиера на Меѓународниот салон за автомобили во Франкфурт во септември 2019 година и беше прогласена за „Службен автомобил на годината“ во класата на мали автомобили од страна на читателите на Auto Bild.
Opel Corsa исто така е добитник на AUTOBEST наградата „Best Buy Cars Of Europe“ за 2020 година.
















