за

Volkswagen станува Voltswagen во Америка

Новото име што го содржи зборот „волт“, клучниот поим за електромобилноста, има за цел да укаже на големите промени што ги направи Volkswagen на влезот во новата ера на автомобилизмот.

Новото име на Volkswagen of America, сменето во Voltswagen of America, почнува да се применува од денес. Промената е направена за јавноста да се увери во големите вложувања на Volkswagen во електромобилноста.

Новото име и новото брендирање на „Voltswagen“ во САД не е проаприлска шега, иако тоа беше прва помисла со оглед на ближењето на празникот на шегата, 1-ви април. „Ние можеби го менуваме K со Т, но тоа што не го менуваме е обврската на оваа марка да ги произведува најдобрите автомобили во класата за возачите и за народот насекаде околу“, изјави Скот Кио, претседател и извршен директор на Voltswagen of America.

Идејата за „народен автомобил“ е основа на постоењето на марката. Шефот Кио го објаснува тоа: „Уште од почетокот на нашето преориентирање кон електричната иднина, си поставивме цел да произведуваме електрични возила за милиони, не само за милионери.“ Промената на името беше направена со цел да се нагласи историското наследство на Beetle, Golf и останатите бестселери на Volkswagen.

Промената се случува во време кога во салоните ширум САД почнува да пристига електричниот СУВ-модел ID.4. Концернот е првиот голем производител на автомобили што се обврза дека ќе ги почитува целите на Парискиот договор за климата. Volkswagen си постави дополнителна цел, за емисијата на СО2 да ја смали за 30% до 2025 година, за потоа да постигне и целосна неутралност во однос на емисијата на СО2 до 2050 година.

Германскиот концерн до 2025 година ќе постигне глобална продажба од еден милион електрични возила на годишно ниво, со повеќе од 70 модели со погон на струја што ќе бидат лансирани до 2029 година од сите марки во рамките на концернот Volkswagen.

Voltswagen значи да се мисли крупно, да се постапува храбро и да се задржи лидерството

Огранокот на компанијата во САД почна да работи во 1955 година. Американската публика реагираше одушевено на Beetle, кој со текот на годините го престигна Ford Model T како најпродаван автомобил во светот, со повеќе од 23 милиони примероци.

Главната промена секако не го одминува и натписот на името на марката што стои на самите возила. Сите модели со електричен погон отсега ќе се испорачуваат со амблемот Voltswagen. Наспроти тоа, моделите со класичен погон ќе го носат само знакот VW. Соодветно и сите центри и дилерства на Voltswagen ширум САД ќе го добијат новото име.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еуроимпекс првпат со кампања за Opel: Гром понуда за Corsa

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

BMW ќе го набавува литиумот и од Аргентина