Audi дава одговори: Што откако ќе мине употребниот век на батеријата?

Прашањето ги засега сите. Што ќе се случи со батеријата, кога електричниот автомобил ќе го достигне крајот на својот употребен век? Одговорот всушност е многу едноставен: Посебен софтвер за анализа BattMAN ReLife ја проверува состојбата на батеријата за само неколку минути.

Во фабриката во Залцгитер, во којашто Volkswagen произведува делови за возила за целата своја мрежа ширум светот (Volkswagen Group Components), од почетокот на годинава се применува софтверска проверка на состојбата на батеријата. Секоја батерија што ќе пристигне во пилот-погонот за рециклирање батерии во овој џиновски комплекс, прво минува низ софтверска дијагностика.

Зависно од ефикасноста што ќе ја измери системот, високонапонската батерија понатаму може да се користи во делови или целосно во друго возило, може да добие втор живот како мобилен или стационарен акумулатор, но може да се искористат и само нејзините материјали, за тие преку иновативно рециклирање да се вратат во производството на батериски ќелии.

Првата верзија на софтверот BattMAN (Battery Monitoring Analysis Necessity) е развиена во фабриката на Audi во Брисел, со цел да се врши брза и точна проверка на високонапонската батерија на Audi e-tron. Повеќе марки моментно го користат овој софтвер како алатка за дијагностика.

Откако ќе се приклучи на нисконапонските изводи, уредот прво проверува дали батеријата комуницира, односно дали пренесува податоци. Потоа се чита меморијата на грешки, се проверува отпорот на изолацијата, капацитетот, температурите и напоните во ќелиите. Податоците може да се повикуваат одделно за секоја ќелија во батеријата. Состоојбата на ќелијата се прикажува брзо преку т.н. семафорски систем. Зелено е во ред, при жолто мора да се провери, а црвено е за дефект.

Понатаму може да следи едно од трите сценарија:

Прво: „Remanufacturing“. Тоа значи дека батеријата е во добра состојба и по „освежувањето“ може да се користи како заменски дел при поправка на електрично возило.

Второ: „Second Life“. Батеријата е во средна до добра состојба, што значи дека може уште долги години да го живее својот „втор живот“, во вид на примена што е различен од вградување во автомобил. Тоа може да биде преносен електричен почнач, мобилен робот за полнење, безвозачки транспортен систем, во моторизирана носечка платформа, во домашен акумулатор (за фотоволтаички системи) или во резервен систем за обезбедување на напојување при струен пад.

Трето: Рециклирање во пробниот погон на Volkswagen Group Components во Залцгитер. Само батериите што го ислужиле својот век се демонтираат таму, на посебни групи на материјали, како алуминиум, бакар, пластика и „црн прав“. Во црниот прав се наоѓаат вредните суровини литиум, никел, манган и кобалт, како и графит. Специјализирани партнери прецизно ги одвојуваат материјалите по пат на хидрометалуршка постапка, за истите да се користат за повторна изработка на катоди.

Франк Бломе, директор за батериски ќелии и системи во Volkswagen Group Components објаснува најтемелно: „Знаеме дека рециклираните суровини од батериите се исто толку ефикасни колку новите. Со рециклираниот материјал можеме во иднина да го потпомагаме снабдувањето на нашето производство на батериски ќелии.“

https://youtu.be/iVsDVY_wl0U

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваНе е секој кинески СУВ на струја: Glory 500 во продажба од декември
Следна објаваKia во Италија пробно со онлајн-продажба преку eBay

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here