Се збогатува понудата од модели на кинескиот концерн DFSK на нашиот пазар. По СУВ-седумседот Glory 580 и по стилското СУВ-купе Glory F5, следен модел е компактниот Glory 500. Со впечатлив изглед, богата опременост и добра просторна понуда, тој се вмешува во конкуренција со Dacia Duster, Ssangyong Korando, па зошто да не и против Hyundai Tucson.
Со моделите на кинескиот концерн DFSK, нашиот пазар практично е во привилегирана положба во споредба со големите европски пазари. Додека кај водечките светски марки обично се случува одредено доцнење при пристигнувањето на нивните нови модели на македонскиот пазар, кај DFSK е спротивна ситуацијата. Glory 580 се продава на нашиот пазар долго пред тој да биде понуден на некои од најголемите пазари во Европа, а СУВ-купето Glory F5 уште им е непознаница.
Секако дека постои причина зошто Glory & Co пристигаат на македонскиот пазар во исто време со германскиот, италијанскиот или францускиот, ако не и порано. Увозникот DFSK ги нарачува возилата за Македонија директно од производителот, нема регионални претставништва, повлекување возила од залиха, возилата доаѓаат директно од фабрика, па брод, до „дворот“ на увозникот АБЦ Бротхер во скопско Визбегово.
https://photos.app.goo.gl/9MmzenMF1SShbpPu6
Новиот модел DFSK Glory 500 се очекува да пристигне во декември. Станува збор за модел од компакт класата, а бидејќи кај возилата од Кина уште сме научени да бараме прво „цена“, први конкуренти на Glory 500 ќе му бидат најдостапните СУВ-модели во компакт класата – Duster и Korando. Моментно и Киа Моторс Македонија има сензационална понуда за Sportage, пред замената со моделот од новата генерација, но нема да биде изненадување ако планираниот контингент уште сега е исцрпен.
Моторот е истиот како во големиот Glory 580, но е без турбонатполнење; Во секој случај, 116 КС се далеку од малку
Школката на Glory 500 е идентична со Seres 3, електричниот автомобил што неодамна беше на тест возење во Аутомедиа. Менаџерите на кинескиот концерн – од кои половината е многу веројатно дека доаѓаат од европските концерни – одиграа вешто со тоа што побараа каросеријата за СУВ-моделот да може да користи и чисто електричен погон и чисто бензински погон. Дури постои и варијанта со приклучен-хибриден погон, но засега нема најави дека АБЦ Бротхер ќе ја нуди истата во Македонија.
https://photos.app.goo.gl/SMtFSFVsQ3mf4CB17
Од тоа што можеме да го очекуваме од Glory 500, раководејќи се според мошне позитивните искуства од нашиот тест на електричниот Seres 3, новиот модел на DFSK во Македонија ќе располага со изненадувачки комфорно и тивко подвозје, со солидна изработка на каросериската школка, но и со вешта завршна изработка, со кокпит во стил на Audi од пред две генерации, со добра просторна понуда, практичен, солиден, генерално позитивно.
Околу цената на Glory 500, првично добивме потврда дека топ-изведбата би чинела приближно колку големиот Glory 580 со мануелен менувач, односно под 15.000 евра. Тоа несомнено е мошне привлечна цена, иако во нашата стагнирачка економија и натаму би очекувале големите СУВ возила од Кина да чинат веројатно под 10.000 евра. Меѓутоа, факт е дека денес и градските автомобили од понова генерација и од водечките марки чинат 15.000 евра. DFSK сепак нуди голем автомобил, СУВ, опремен, со моќен мотор од 116 КС, па и со успокојувачка гаранција.
Општи технички податоци · DFSK Glory 500
https://photos.app.goo.gl/ziJTmkmRP59TdwiN8
Должина · 4385 mm
Ширина · 1850 mm
Висина · 1645 mm
Меѓуоскино растојание · 2655 mm
Растојание од подлога · 191 mm
Тежина на празно возило · min 1380 kg
Резервоар · 50 L
Багажник · 318 L
МОТОР · 1,5 литар, 116 КС, 4 цилиндри
Ознака на мотор · SFG15A (ист мотор како Glory 580, но без турбонатполнење)
Вид · Бензински
Впрскување · Во повеќе точки
Работна зафатнина · 1498 ccm
Натполнење · (Нема турбо, атмосферски мотор)
Конструкција · 4 цилиндри, 16 вентили
Моќност · 85 kW 116 КС при 6000/min
Вртежен момент · 147,5 Nm при 3600/min
Класа на емисија · VI
Потрошувачка L/100 km (град, пат, просек) · 8,1 / 5,5 / 6,4 (Мануелен менувач); 8,8 / 5,1 / 6,4 (CVT менувач)
Менувач · Мануелен со 5 степени (безстепен менувач CVT)
Погон · Напред
Водење на тркалата · Напред мекферсон, нзад торзиска оска
Сопирачки · Вентилирани дискови напред, диск назад
Паркирна сопирачка · Електронска паркирна во топ изведба со ЦВТ, обична во други
Гуми · 205/65R16 стандардно, 215/60R17 во врвната изведба
Резервно тркало · Со намалени димензии
Тркала · Лесна легура, само основниот модел е со челични тркала
ОПРЕМА (во топ изведба)
https://photos.app.goo.gl/hLrcgd3WJ1AD8JD7A
Мануелна клима
Централна брава со далечинска команда
Стартување на мотор на копче
Пристап без клуч
Темпомат
Паркинг сензори назад
Камера назад
Автоматска паркирна сопирачка
Помош при поаѓање на нагорнина
Помош при спуштање по стрмнина
Халогени светла
Автоматско вклучување на светла
Навигација
Гласовни команди
Дисплеј на допир
Блутут
УСБ
Потпирач за рака напред и назад
Мултифункциски волан
Електрика на сите прозорци
Сончев покрив
Собирање на ретровизори
Сензор за дожд
https://photos.app.goo.gl/Qzqkr9vAFfAyFFm58
https://photos.app.goo.gl/BQLiUcr9VQkUVu9cA
https://photos.app.goo.gl/LPgu4z8uF3L9UPbGA
https://photos.app.goo.gl/WLEJPaFqxg2wQBb97
>>> Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум

















