Jaguar XK го отстапува местото за помладите модели

Врвното спортско купе на Jaguar ќе се повлече од производствените ленти во текот на летото, за да ослободи простор за новите модели на британската благородна марка.

По осум години и 54.000 продадени промероци, Jaguar XK заминува во историјата. Jaguar потврди дека производството на купето и кабриолетот од овој модел ќе запре во текот на летото. Според Британците, оваа одлука е дел од „поширока стратешка визија и циклус на планирање на нови модели“, но факт е дека продажбата на возила во сегментот на престижните купеа опадна драстично во последните години. Лани Jaguar продаде само 4.000 примероци од XK на глобално ниво.

Купето и родстерот од F-Type се моделите за кои што Jaguar смета дека одговараат совршено на моментниот купувачки дух на пазарот. Покрај тоа, во понудата наскоро ќе се најдат и новите модели базирани на лесната платформа iQ со обемна примена на алуминиум.

Прв од бранот нови модели ќе биде XE, како прв Јaguar што ќе се произведува во комплетно новата фабрика на Jaguar Land Rover во Солихал во почетокот на 2015 година. Потоа би следела и сериската верзија на спортскиот теренец базирана на концептот C-X17, што може да се очекува да дебитира на пазарот во 2016 година, за на крај ќе дојдат и новите генерации на моделите XF и XJ.

Марката со дивата мачка на хаубата не се откажува комплетно од наследникот на XK, но пред појавувањето на следната генерација на ова престижно спортско купе ќе биде потребно да се обезбеди солидна основа со моделите што ќе постигнуваат поголеми бројки во продажбата.

Претходна објаваЗапочна производството на електричниот Golf
Следна објаваДејвид Бекам ќе рекламира Jaguar за кинеските купувачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here