за

Дејвид Бекам ќе рекламира Jaguar за кинеските купувачи

Фудбалската икона Дејвид Бекам ќе работи како амбасадор на Jaguar за да ја приближи британската марка до купувачите во Кина, пред стартот на моделската офанзива на Jaguar најголемиот пазар за автомобили во светот.

Поранешната ѕвезда на Англија и на Манчестер Јунајтед ќе се појави во серија од телевизиски и печатени реклами што се изработени ексклузивно за Кина. Последниот модел на марката со дивата мачка, купето F-Type, ќе биде прв модел што официјално ќе добие поддршка од Бекам, а потоа ќе следува промоција и на знаменосецот XJ.

„Отсекогаш сум бил обожувател на Jaguar, како во поглед на стилот и дизајнот, така и во поглед на чувството и ‘ржењето на моторот. Секој од овие елементи има британски печат“, изјави Бекам. „Чест ми е да подржувам марка со толкаво наследство.“

Jaguar XE е наследник на неуспешната серија на X-Type
Jaguar XE е наследник на неуспешната серија на X-Type

Веста следи откако Jaguar на салонот во Женева ги објави плановите за новиот основен модел во понудата XE, кој ќе биде конкурент на серијата 3 на BMW и на класата С на Mercedes. Моделот од средната класа ќе биде прв со комплетно новата платформа со масовна примена на алуминиум и воедно основа за идниот спортски теренец C-X17. Во Jaguar XE ќе дебитира новата генерација на бензински и дизелски мотори со четири цилиндри. Премиерата на серискиот модел се очекува наесен на салонот во Париз, а продажбата ќе стартува во почетокот од следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar XK го отстапува местото за помладите модели

Теренецот на Maserati ќе се појави в година